Видео-фото: Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: Мојата сопруга е поотворена во вториот мандат - Канал 5

Видео-фото: Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: Мојата сопруга е поотворена во вториот мандат

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава на премиерата на документарецот „Меланија“, којшто ја раскажува приказната за неговата сопруга. 

Видео-фото: Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: Мојата сопруга е поотворена во вториот мандат

Тој, имено, смета дека таа е „поотворена“ за време на неговиот втор мандат што почна во јануари минатата година, пренесе ДПА.

Филмот, режиран од Брет Ратнер и продуциран од „Амазон Ем-џи-ем студиос“ (Amazon MGM Studios), го следи животот на првата дама пред инаугурацијата на Трамп во 2025 година, од нејзиниот дом во кулата „Трамп тауер“ во Њујорк до имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич, и ги доловува миговите зад сцената во Белата куќа.

Документарецот премиерно беше прикажан вчеравечер, и е деби-проект на новата филмска продукциска компанија на првата дама - „Мјуз филмс“ (Muse Films). Пред премиерата што се одржа во културниот „Трамп - Кенеди центар“ во Вашингтон, претседателот Трамп се согласи дека првата дама денес е поотворена, објави денеска „Фокс њуз“ (Fox News).

- И јас го забележав тоа. Таа е поотворена. Тоа доаѓа со времето. Одлично си ја заврши работата. Таа е многу популарна, многу почитувана личност!, истакна Доналд Трамп.

Меланија Трамп изјави за „Фокс диџитал“ дека е „многу селективна“ во она што го прави и зборува.

- Тоа е мој избор. Јас сум ориентирана кон мисијата и дејствувањето, и имавме многу успешна прва година во мојата канцеларија како прва дама. И, сум горда на она што го постигнавме, додаде Меланија.

YouTube video

Документарниот филм „Меланија“ ја прикажува работата на првата дама, нејзините филантропски потфати и нејзиниот семеен живот додека се подготвува вторпат да стане прва дама на САД. Прикажувањето на документарецот во кината ширум светот почнува денес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Возачот на камион, државјанин на Македонија М. Ј., загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Врање - Ниш, во близина на Богоевац во близина на Лесковац.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Сообраќајната несреќа се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога возачот, кој управувал камион со приколка, најверојатно поради несоодветна брзина, излетал од автопатот, објави Блиц.

По излегувањето од коловозот, возилото се запалило и целосно изгорело, а телото на возачот било пронајдено во камионот.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, екипи на брза помош и полиција. Пожарникарите интервенирале поради пожар во камионот, додека полицијата извршила увид на лице место за да ги утврди сите околности и точната причина за несреќата.

Истрагата е во тек, а повеќе детали за околностите под кои се случила трагедијата ќе бидат познати по извршувањето на проверките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски.

Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии.

„Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски.

Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите.

„Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)

Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.

Протест на аеродромот во Приштина-  приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)

Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“.

Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг.

YouTube video

На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“.

Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти.

Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер