Видео - фото: Торонто е новиот НБА шампион - Канал 5

Видео - фото: Торонто е новиот НБА шампион

Кавај Ленард го донесе првиот шампионски прстен од НБА лигата во Канада, Торонто ја прекина доминацијата на Голден Стејт во најсилното светско кошаркарско првенство.

Видео - фото: Торонто е новиот НБА шампион

Драма во „Оркал арената“ и голем пресврт на Репторси за првиот шампионски пехар на оваа франшиза од Канада. Торонто утринава со 114-110 ја извојува четвртата победа на Голден Стејт во големото финале и заслужено стигна до шампионскиот трон.

Репторси со 114 -100 ја добија драмата во вредна титула за триумф во финалето од 4-2 во победи.

На 9,6 секунди до крајот кошаркарите на Торонто водеа со 111-110 и го бранеа нападот на Воините, Стеф Кари промаши тројка, по што Кавај Ленард со топката тргна кон кошот на Голден стејт. Но, остана без баскетот кога Дејмонд Грин одигра одлична одбрана и побара тајм аут на 0,9 секунди пред крајот.

Во нормални услови тоа значи шут за кошаркарите на Голден Стејт , но наместо тоа следуваше техничка за Грин , поради тоа што неговиот тим веќе немаше право на тајм аут.

Кавај потоа ги погоди трите слободни во низа, над него веднаш беше направен и прекршок, по што извонредниот Ленард ги постави конечните Торонто - Голден С. 114-110 , и заслужено по втор пат во кариерата го доби МВП признанието за најдобар поединец на НБА финалето.

Торонто по прв пат во својата историја, односно од 1995 година кога НБА одлучи да се прошири и во Канада е најдобриот тим во НБА лигата.

YouTube video
YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место.

Кариера

Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали.

Кариера

Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе.

Здравје и совет

Посветете му се на вашето хоби.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис.

Кариера

Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Прифатете ги другите какви што се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Кариера

Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба.

Здравје и совет

Радувајте се .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша.

Кариера

На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено.

Здравје и совет

Будете поумерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте.

Кариера

Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани.

Здравје и совет

Однесувајте се природно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста.

Кариера

Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата.

Здравје и совет

Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Ќе ви се спие.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност.

Кариера

Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени.

Кариера

Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе.

Здравје и совет

Повеќе живејте во сегашноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат.

Кариера

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени.

Здравје и совет

Држете се до фактите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас.

Кариера

Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација.

Здравје и совет

Чувајте се од провев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер