Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
1Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
ЗабаваВидео- фото: Светскиот број еден, Сабаленка, ја објави својата свршувачкаБелоруската тенисерка Арина Сабаленка доби предлог за брак од своето момче. Најдобрата светска тенисерка е во врска со грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис од 2024 година. Светскиот рекет број на своите социјални мрежи соопшти дека ја прифатила понудата за брак. - Ти и јас, засекогаш - напиша Сабаленка. View this post on Instagram A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka) Белорусинката во текот на својата кариера освои четири Гренд слем турнири. Дваесет и седумгодишната Сабаленка има 22 титули во поединечна конкуренција. Во сезоната 2026, Арина го освои турнирот во Бризбејн и стигна до финалето на Отвореното првенство на Австралија, каде што загуби од Казахстанката Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПравославната црква ја одбележува Голема БогородицаПравославната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter