ФудбалВидео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химнатаИранските фудбалери за разлика од нивните колешки од женската селекција покажаа единствен став пред првиот натпревар на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Селекцијата на Иран го започна Светското фудбалско првенство со реми против Нов Зеланд. Иран и Нов Зеланд одиграа нерешено 2-2 во натпреварот од првото коло на Групата Г. Натпреварот во Лос Анџелес е можеби најдобриот на турнирот досега, со што во втор план е фрлена приказната што му претходеше на натпреварот, а беше за војната меѓу Иран и Америка. Пред стадионот, група навивачи на Иран од дијаспората се собраа да протестира против нивната репрезентација, додека на трибините имаше и такви што го поддржуваат Иран . Поради сите овие причини и претходниот потег на фудбалерките на Иран, сега се очекуваше ставот на фудбалерот, односно како ќе се однесува за време на националната химна. Претходно поголем дел од членките на женската фудбалска репрезентација на Иран ја бојкотираа химната на својата земја. Deafening mix of boos and cheers for the Iran national anthem. pic.twitter.com/7jjBNYhazf — Ben Jacobs (@JacobsBen) June 16, 2026 Сепак, за разлика од нив, фудбалерите на сите екипи ставија рака на срце и со тоа го покажаа својот став.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “ Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“. Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји. „Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациитеХоливудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис. Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува. Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар. Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна. – Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник. Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.Тагови: Меган Фокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter