Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица
ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
1Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица
2ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
СветВидео-фото: Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојбаСилни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на САД, додека во Њу Џерси е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави.Предупредување за поплави беше на сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат подруми и ниски подрачја, пишува Индепендент. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени станици на метрото во Њујорк, автомобили заглавени во вода и вода што се лее по скалите и пероните на метрото. Footage shows flooding at the 28th Street station in New York City on Monday night as slow-moving thunderstorms hit the Northeast. https://t.co/Vc92EvHrBI pic.twitter.com/2a6YocdyPc — ABC News (@ABC) July 15, 2025 BREAKING: Extreme Rainfall Triggers Severe Flooding in New Jersey #flood #NewJersey pic.twitter.com/ILcIWv1uSw — MOHAMMAD AHSAN (@MOHAMMAD_AARSH) July 15, 2025 Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба, повикувајќи ги жителите да останат во затворен простор и да избегнуваат патувања. „Поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, советуваме максимална претпазливост“, напиша Марфи на X. Бурата предизвика прекини во воздушниот сообраќај на најмалку шест главни аеродроми на Источниот брег. Аеродромите ЏФК и Ла Гвардија во Њујорк, како и Њуарк Либерти во Њу Џерси, добија наредба привремено да ги приземјат летовите, предизвикувајќи неколкучасовни доцнења. Слична ситуација беше забележана и на аеродромите во Филаделфија, Балтимор и Вашингтон. Според проценките на Националната метеоролошка служба, во некои делови од Њујорк за краток временски период наврнаа помеѓу 50 и 75 милиметри дожд. Вчера, во подоцнежните часови, врнежите се придвижија кон исток и постепено го изгубија интензитетот. Меѓутоа, властите предупредуваат дека нов бран врнежи од дожд уште денеска може да го погоди регионот, заедно со екстремно високи температури и висока влажност. Градските власти издадоа предупредување за комбинација од интензивна топлина и можни натамошни поплави, со температури што би можеле да достигнат или надминат 38 степени Целзиусови.Тагови: Њујорк поплави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Мајкл Даглас е горд таткоЛегендарната холивудска ѕвезда, актерот Мајкл Даглас не крие дека е горд татко,сите погледи вперени во младата дама што го придружуваше.Холивудскиот актер Мајкл Даглас моментално престојува на Мајорка, каде што му беше врачена специјалната награда „Земја на честа“ (Land of Honour) за неговиот долгогодишен придонес во промоцијата на островот и неговата култура. Тој не присуствуваше сам на церемонијата, туку во придружба на својата ќерка Керис, која привлече речиси исто толку внимание како и нејзиниот славен татко. Дваесет и тригодишната Керис се појави во елегантна црна комбинација, а многумина од присутните забележаа дека, како што минуваат годините, таа сè повеќе личи на својата мајка, добитничката на „Оскар“, Кетрин Зита-Џонс. Нејзиниот едноставен, а сепак софистициран стил уште еднаш потврди зошто таа важи за една од најелегантните млади дами од холивудските семејства. Карис неодамна ги заврши студиите по филм на Универзитетот „Браун“, а ова лето ја доби својата прва професионална театарска улога во Њујорк, толкувајќи го ликот на Нина во претставата „Галеб“ од Чехов. Покрај глумата, таа работи како модел, свири пијано и пее, со што ја продолжува уметничката традиција на своето семејство. Мајкл Даглас со децении летува на Мајорка – каде што го поседува имотот „С’Естака“ – поради што многумина го сметаат за неофицијален амбасадор на овој шпански остров.Тагови: Мајкл Даглас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
АвтомобилизамРекорд за Гинис, Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар горивоАвтомобил Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво.Со својот систем e-Power, Nissan претстави решение во кое бензински мотор ја полни батеријата, додека батеријата го напојува електромоторот или електромоторите. Сега, Qashqai e-Power влезе во Гинисовата книга на рекорди. Независен експерт ги придружуваше возачите во текот на целото патување, што е еден од условите за проверка на записот. Унапредениот Qashqai, опремен со најновата генерација на системот e-Power, успеа да помине импресивни 1.980 километри со еден резервоар гориво. Со тоа беше поставен рекорд за најголемо растојание поминато од SUV-возило со систем за продолжување на опсегот (range extender), без потреба од надворешно полнење или дополнување гориво. Патувањето се одвивало во Колумбија, во периодот од 14 до 17 јули 2026 година, на релација од Богота до карипскиот брег, при што беа опфатени разновидни услови за возење. Но, Nissan не објави детални информации за конкретната рута. За да се обезбеди официјално признавање на рекордот, во текот на целото патување возилото беше придружувано од независен експерт – услов неопходен за сертификација од страна на Гинисовата книга на рекорди. Според официјалните податоци на производителот, просечната потрошувачка на гориво кај моделот Qashqai e-Power изнесува 4,3 l/100 km, пренесува HAK. Треба да се напомене дека, во оваа прилично тесно дефинирана категорија, Qashqai досега немаше официјално признат ривал – ниту претходен рекордер – иако тоа би можело да се промени во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лицаОпштина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места.Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица. Од општината изразуваат искрена благодарност до сите кои во тие тешки денови покажале несебична хуманост и солидарност.невремето што на 6 август се случи во гази баба предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04