Видео- фото: Програмерка од Сплит „го покори“ Рио - Канал 5

Видео- фото: Програмерка од Сплит „го покори“ Рио

Славниот карневал во Рио Де Женерио кој почна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари секогаш привлекува огромно внимание од светската јавност. 

Видео- фото: Програмерка од Сплит „го покори“ Рио

Годинава на карневалот во Рио големо внимание предизвика девојка од Хрватска од Сплит.

Карневалот во Рио традиционално секоја година собира милиони туристи од целиот свет, секако и годинава е така.

Секојдневно на социјалните мрежи се појавуваат фотки и видеа од „жешкиот“ Рио, а вниманието го сврте една девојка од Хрватска, Русинката, Полина Митка, која живее во Сплит.

Полина работи како програмерка во Сплит и сега е на одмор во жешкиот Рио. Таа воодушеви со својот танц на карневалот во Рио.

Според Слободна Далмација, Полина првите чекори во танцот ги научила во Минск, а латиноамериканскиот танц започнала да го изучува уште како дете.

Тренирала модерен танц, а посетувала и часови на класичен танц. Со орјенталниот танц почнала да се занимава со 14 години.

Сега атрактивната Полина воодушеви со својот танц во Рио.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер