3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
1Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
ЖивотВидео- Фото: Потресни слики од местото на падот на хеликоптерот, Коби Брајант идентификуван според отисокот на прститеДва дена по трагичната несреќа во која загинаа девет лица меѓу кои и легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана, Службата за безбедност во сообраќајот на Калабасас објави видео од местото на немилиот настан.Теренот на кој се урна хеликоптерот е тешко достапен поради што Службата за безбедност во сообраќајот на Калабасас имала отежнат приод до самото место на несреќата, но сепак тие стигнале до него. Дронот со кој се снимал теренот покажува колку бил силен ударот на хеликоптерот во земјата по падот . Големото летало е растурено на многу ситни делови. Со ова видео се потврдуваа тврдењата на официјалните претставници дека не постоеле скоро никакви шанси некој од патниците во хеликоптерот да преживее ваков пад. Инаку според претставничката на Националниот совет за безбедност во сообраќајот , Џенифер Хоменди, трагично загинатиот Коби Брајант биле идентификуван според отисокот од прстите. Таа открила и неколку други детали. -Добивме информација дека пилотот за време на летот со себе имал ајпад уред, кој е пронајден на местото на падот, заедно со еден мобилен телефон.Пресемен е снимачот на трассата на патот. Пронајдена е очекуваната документација, настанот може да се реконструира, истакнала Хоменди. Таа објавила информации и за самиот пад. Пилотот бил искусен, бил вработен во една компанија повеќе од 10 години. Ден претходно летал по истата траса по вре3дро време.Хеликоптерот летал на висина од 7000 метри, паѓал со брзина од 400 километри на час, што се наоѓа во категорија на удар со висок интензитет. Хеликоптерот паднал на своето лево крило.Хеликоптерот се урнал на само десетина метри од велосипедисти кои биле на брдото. Добивме фотографии и видеа, кои многу ќе ни помогнат во утврдување на временските услови . Знаеме дека хеликоптерот паднал во едно парче при голема брзина. Падот траел околу една минута. Ќе бидат направени анализи кои ќеупатат на евентуална одговорност на некого, заклучила Хоменди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПринцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедноБританскиот принц Хари, за првпат јавно се огласи по апсењето на таткото на неговата сопруга Меган Маркл, Томас Маркл . За време на посетата на Брисел – каде што тој и неговата сопруга присуствуваа на откривањето на спомен-обележјето „Изгубен екран“ (Lost Screen) во Европскиот парламент – тој се осврна на сè поактуелниот проблем со безбедноста на децата на интернет, истакнувајќи дека нивната заштита не би требало да зависи од земјата во која живеат. Со Меган (45) покрај себе, Хари (42) одржа емотивен говор во кој укажа на еден парадокс на современиот технолошки развој: додека технологијата напредува со неверојатна брзина, заштитата на најмладите останува голем предизвик. „Како стигнавме до точка каде што можеме да создадеме технологија способна за толку неверојатни работи, а сепак сè уште се мачиме да обезбедиме таа да биде безбедна за децата? Ретко бараме од технологијата да биде помалку амбициозна. Ни велат дека таа ќе го трансформира образованието, ќе лекува болести и ќе решава проблеми за кои некогаш сме мислеле дека се нерешливи. Зошто нашата амбиција би застанала тука?“ праша Хари. Тој нагласи дека не се залага за свет без технологија, туку за интернет каде што децата можат слободно да истражуваат, да учат и да ги развиваат своите интереси, без страв од опасност. „Сите деца треба да можат да пристапат до интернет и да откријат нешто прекрасно – пријател, интерес што прераснува во страст или место каде што се чувствуваат разбрани. Тие заслужуваат да се чувствуваат безбедно, каде и да се наоѓаат“, изјави принцот. Тој особено нагласи дека заштитата на децата мора да биде заедничка одговорност на сите држави, предупредувајќи дека штетните содржини и практики не смеат едноставно да се префрлат во земји со помалку строги прописи. „Европа не може да стане безбедно засолниште за децата доколку штетните практики само се преместуваат во земји со пониско ниво на заштита. Мораме да соработуваме со државите ширум светот за да осигуриме дека напредокот овде нема да значи оти децата на други места остануваат изложени на истите ризици. Безбедноста на едно дете никогаш не смее да зависи од земјата во која тоа живее“, истакна Хари. Тој додаде дека е неопходно да се испита кој се спротивставува на мерките наменети за заштита на најмладите, кој ги финансира таквите активности и чии интереси се застапуваат. Неговиот говор имаше и силен емотивен крај. – Да ја прифатиме понудата на технологијата за изградба на свет што ги надминува нашите соништа, но да се согласиме дека во тој свет нашите деца, во најмала рака, би биле безбедни. И ниту едно семејство не би требало да изгуби дете, пред светот да одлучи да заштити барем едно – заклучи принцот. Иако првично беше планирано Меган да ѝ се обрати на публиката, тоа беше откажано еден ден пред настанот. Според британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph), извор близок до двојката изјавил дека таа во моментов не е доволно емоционално силна за да зборува во јавност. Нивното појавување во Брисел се случи четири дена по апсењето на таткото на Меган, Томас Маркл Постариот (82), во Флорида. Според американското обвинителство, тој е обвинет по една точка поврзана со поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна од 20 години затвор. Томас Маркл Постариот не се изјасни за вината и беше пуштен на слобода врз основа на ветување дека ќе се појави на суд, по неговото појавување пред судот. Тој претходно негираше дека некогаш имал сексуални односи со малолетници или дека поседувал материјал за кој станува збор. Сè уште не е одреден датум за судењето – или, попрецизно, за следното појавување пред судот во Калифорнија.Тагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook