Видео- фото: Олимпиското село во Токио ги прими првите спортисти - Канал 5

Видео- фото: Олимпиското село во Токио ги прими првите спортисти

Олимпиското село во Токио кое ќе прими околу 18000 спортисти и службени лица од целиот свет е отворено, Игрите може да започнат.

Видео- фото: Олимпиското село во Токио ги прими првите спортисти

Олимпиското село кое е изградено во токиоскиот залив се протега на површина од 44 хектари во него има 21 згради за спортистите и официјалните лица.

Во Токио веќе пристигнаа и првите спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри кои започнуват на 23 јули. До крајот на неделава се очекува во него да бидат сместени повеќе од 2000 спортисти.

Но, во селото веќе се појавија и првите случаи на зараза со корона вирусот, што дополнително ги загрижи граѓаните на Токио.

Поради пандемијата од корона Олимпиското село во Токио ќе биде многу поинакво од претходните, бидејќи во Јапонија на сила се неколку мерки против корона.

Сите жители на олимпиското село ќе мораат да одржуваат дистанца и нивните средби да бидат што пократки, без никаков физички контакт. Носењето на маски е задолжително при излегувањето од собите.

Инаку, Олимписките игри во Токио започнуваат на 23 јули а завршуваат на 8 август.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачки

Од светот на боречките спортови доаѓа една необична глетка: маж влезе во ММА-кафез за да се соочи со хуманоиден робот.

Видео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачки

Во борбата најавена како прв официјален дуел меѓу човек и робот, американскиот инфлуенсер Френки Лапена се соочи со Рекбот (Rekbot) – робот создаден од компанијата „Рек Роботикс“ (Rek Robotics).

Рекбот е висок околу 180 сантиметри, а неговиот изглед потсетува на Т-800 од филмскиот серијал „Терминатор“. Лапења успеа да зададе неколку удари за време на борбата, но роботот покажа дека нема само да се брани. Во еден момент, тој го удри инфлуенсерот со нога и го собори на земја.

Лапења остана да лежи во кафезот, а по борбата на неговото тело беа видливи модрици.

Натпреварот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде што пристигнуваа бројни коментари од гледачи изненадени од глетката.

Иако сè наликуваше на сцена од научно-фантастичен филм, исходот беше реален: Рекбот го совлада човекот, а Лапења заврши на подот откако доби удар.

Видеото од борбата набрзо почна да кружи на интернет, а необичната средба отвори бројни прашања за тоа колку добро хуманоидните роботи ќе можат да ги имитираат човечките движења и да учествуваат во физички активности во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светот

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез официјално пристигна во Милано и веднаш се фати за работа, создавајќи незаборавни моменти на Модната недела.

Видео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светот

Латино дивата Џенифер Лопез се појави во италијанската престолнина на модата за време на Модната недела во Милано и, со внимателно одбран елегантен, но и впечатлив стајлинг – луксузен црн балски фустан достоен за модерна принцеза – ги остави сите без здив.

57 годишната, Џеј-Ло беше фотографирана како шета низ Милано во впечатлива креација во целосно црна боја. Скулптуралниот фустан со потпис на „Долче и Габана“ се одликуваше со припиен корсет инспириран од долната облека, украсен со нежна тантела и романтично, длабоко деколте.

Од половината, силуетата драматично се ширеше во раскошно здолниште со полна должина, прекриено со црни цветни апликации со тродимензионален ефект и блескави украси.

Во еден момент, Џенифер Лаупер дури и заигра со еден маж од публиката и направи неколку вртења – погледнете како изгледаше тоа.

@voguemagazine From the block to the Galleria runway. #Jlo just walked #VogueWorld: Milan in #DolceAndGabbana ♬ original sound - Vogue

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер