Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода
1Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода
ЗабаваВидео- фото: Јокиќ гол до појасот, танцува и пее на прославата на светското среброНајадобриот кошаркар од НБА лигата, Никола Јокиќ го пропушти Мундибаскетот но не ја пропушти прославата на светското сребро на неговите другари. Вчера во Белград, Србија приреди свечен пречек за победникот на УС Опен Новак Ѓоковиќ, европскиот шампион во баскет три на три и светските кошаркарски вицешампиони. Српските медиуми пишуваат за десетиците илјади собрани фанови, но и за еден посебен, Никола Јокиќ. Nikola Jokic celebrating with the Serbian national basketball team 😅🔥 (via @_arhivator) pic.twitter.com/wcXv45Qass — ClutchPoints (@ClutchPoints) September 13, 2023 Најдобриот кошаркар на Србија, за многумина најдобриот светски кошаркар во моментов, не беше дел од тимот што го освои сребрениот медал на Светското првенство. Naš brat Jokić se odazvao ovom pozivu... ako Bog da i na leto '24 da te vidimo sa ovim momcima... pic.twitter.com/RTwoh4CCoM — архиватор (@_arhivator) September 13, 2023 Покрај популарниот Џокер од Денвер, во селекцијата на србија недоставуваа и Василије Мициќ, Немања Недовиќ и Бобан Марјановиќ , но сите тие беа дел од вчерашниот спектакл во Белград. Социјалните мрежи посочуваат дека на прославата се истакнал Јокиќ, кој во еден момент од вечерта бил снимен како гол до појас пее и танцува. Novak Djokovic popped out to the party 🔥🎾 (via @_arhivator) pic.twitter.com/4TZagdtZ4s — ClutchPoints (@ClutchPoints) September 13, 2023 Задолжени за забава на спортистите беа музичките ѕвезди Цеца Ражнатовиќ, Саша Матиќ и Владо Георгиев. Инаку на прославата кошакраите пристигнаа во друштво на своите поубави половини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаМанасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена водаГраѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода.За 400 испитувања не било постапено, ниту пак биле известени граѓаните да не ја пијат водата. Венко Филипче денеска се обидува да држи лекции за заштита на здравјето на граѓаните, а токму во неговиот мандат како министер за здравство и истоимената институција Министерство за здравство располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода, за кои граѓаните и јавноста не биле информирани. Денес, истиот човек кој не им кажал на граѓаните што пијат тогаш, денес се обидува да се претстави како заштитник на јавното здравје. Еве неколку примери: На ден 12.08.2021 година, Чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна; Понатаму, 27.07.2021 година, чешма пред училиште Гумалево, Зелениково, не била исправна, повторувам чешма пред училиште во Зелениково; Денеска слушаме од СДС говорат за Дебарца па еве тука има документ кој вели на 29.06.2021 година, била земена мостра од вода за пиење од локален водоводен систем и утврдено е дека водата била небезбедна. Односно има отсуство на резидуален хлор. Ете зошто не го решиле проблемот досега. Одиме понатаму, Требеништа, Дебарца, истото место за кое што денеска говореа. Земање на мостра 11.05.2021 година, од место вода за пиење има отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација. Присуство на бактеријата Ешерихија Коли.Зошто Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Во Кочани одморалиште Пониква на 06.07.2021. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи, пишува Министерство за здравство, се вели дека водата не одговара на законски стручни прописи во однос на бактериолошка анализа, затоа што водата за пиење во одмаралиштето Пониква не одговарала на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри и има зголемен број на бактерии и присуство на бактеријата Ешерихија Коли. Повторно прашуваме зошто тука Венко Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз не реагирале. Поставуваме едно многу едноставно прашање. Ако тогаш Филипче молчел, а имал институционална одговорност, со каков кредибилитет денес тој говори за здравјето на граѓаните? Има пријави до МВР и тие се поднесени. Очекуваме и Јавното обвинителство да го истражи овој скандалозен случај и да се утврди дали со прикривањето на овие информации биле загрозени здравјето и животите на граѓаните. Никој не смее да биде над законот без разлика на функцијата што ја извршувал. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот судСудијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител. Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.Тагови: Уставниот суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо 2.720.000 денари Општина Ѓорче Петров ќе поддржи проекти од областа на културата во 2026 годинаОпштина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи.Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината. Во рамки на програмата се предвидени концерти под отворено небо, театарски претстави, кино под отворено небо, изложби, креативни работилници, базари, фестивалски содржини и други културни настани што ќе ги оживеат јавните простори и ќе создадат нови можности за дружење, творештво и културно изразување. Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање динамична културна сцена и поддршка на иницијативи што ја поттикнуваат креативноста, го негуваат културното наследство и придонесуваат за поквалитетен јавен живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook