Видео- фото: И Ноле запеа на прославата на српските олимписки медалисти - Канал 5

Видео- фото: И Ноле запеа на прославата на српските олимписки медалисти

Српските олимпијци кои освоија пет медали на Игрите во Париз, синоќа во Белград имаа спектакуларејн пречек пред Стариот дворец од околу 80 000 граѓани, по традиционалниот пречек прославата ја продолжија во познат белградски клуб.

Видео- фото: И Ноле запеа на прославата на  српските олимписки медалисти

На прославата еден од нјавеселите беше најдобриот светски тенисер во историјата, златниот олимпиец од Париз Новак Ѓоковиќ со неговата сопруга Јелена.

Тие двајца дури немаа пробле и да запеат на прославата .

Славниот тенисер дури во еден момент со микрофон во рацете пееше заедно со пејачот Никола Роквиќ.

Никола му зборуваше и го покани да пее: „Ајде Ноле!“, по што Ѓоковиќ ги крена рацете и со целиот клуб го отпеа текстот:

„Еј, сакам само да ми је хладне воде са Романија“ ..“

Српските Олимпијците ги чекаше уште едно изненадување, поточно торта со четири нивоа, специјално украсена во духот на Олимписките игри.

Првиот кат беше за кошаркарите и нивната бронза, додека вториот за сребрената теквондистка Александра Перишиќ, а првото златно место за Новак Ѓоковиќ, Дамир Микец, Зоран Аруновиќ и ватерполистите.

На последниот кат беше српската тробојка, а на самиот врв фотографии од спортисти, на средина имаше слика од Ѓоковиќ покрај сликите од Ајфеловата кула.

На забавата беа присутни и поубавите половина на српските спортисти кои блескаа во свечени тоалети. На прославата беше и бремената сопруга на најдобриот свтески кошаркар Никола Јокиќ, Наталија која најчесто беше во друштво на сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена.

@ivanneskovicnele #mvp #tb #nikolajokic #nikolamilutinov #megaband #nacionalnaklasa #bronze #sliver #olympics #paris #belgrade #serbia #basketball #lastyear #celebration #srbija #serbia #novakdjokovic #fy #fyp #fypシ゚viral #mega #megica ♬ original sound - Nele

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Канада прв осминафиналист

Ко-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето!

СП2026: Канада прв осминафиналист

Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0).

Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи.

YouTube video

Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија.

Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожар на островот Вис во Хрватска

Голем пожар на отворено избувна на островот Вис синоќа околу 22:30 часот. 

Видео: Пожар на островот Вис во Хрватска

Огнот зафати борова шума и ниска вегетација во областа на Комижа, долж патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Firefighters 193“.

Сите расположиви противпожарни сили од оперативното подрачје Вис веднаш биле испратени на местото на настанот. Во интервенцијата учествуваат пожарникари од противпожарните одделенија на Комижа и Вис.

Противпожарната одделенија на Комижа распореди девет возила и 35 пожарникари, а противпожарната одделенија на Вис распореди шест возила и исто така 35 пожарникари, со што вкупно на местото на настанот се наоѓаат 15 возила и 70 пожарникари.

Пожарот е сè уште активен, а неговото гаснење го отежнуваат сувата вегетација и ширењето на пожарот на отворен простор.

Иако немаше силен ветер во текот на ноќта, пожарот се прошири брзо во првите часови поради екстремно сувата почва.

Од утрово на терен се и три авиони канадари, додека четвртиот авион пристигнува и ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер