Видео- фото: Хрватска под снег - Канал 5

Видео- фото: Хрватска под снег

Снегот предизвика сообраќаен колапс во Хрватска, Далмација е отсечена од останатиот дел од Хрватска бидејќи сите патишта се покриени со снег, а метеоролозите најавуваат ураганско невреме и повеќе снег. 

Видео- фото: Хрватска под снег

Голем број луѓе останаа заглавени во колони на завеаните патишта кон Далмација, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн.

Неколку автомобили биле блокирани во тунелот Свети Рок, кој спасувачите на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС) успеале да го извлечат во текот на ноќта, јавуваат хрватските медиуми. Спасувачите на ХГСС беа ангажирани и на други локации. Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силниот дожд кој дува со брзина од околу 150 километри на час.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска (ДХМЗ) за денеска издаде црвено предупредување за Кварнер и подрачјето на Велебитскиот канал.

Подрачјето на Кварнер ќе биде зафатено од многу силно, во првиот дел од денот, бурно невреме, со најсилни удари на ветер до 130 километри на час. Налетите на бура се очекуваат и до 150 километри на час во областа на Велебитскиот канал.

Од ДХМЗ нагласија дека времето е многу опасно и подразбира високо ниво на опасност по здравјето, и опасни по живот ситуации, особено за морнарите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата

Руски дрон удрил воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот премиер на Шведска Карл Билд и високи европски безбедносни претставници поминале низ неа.

Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и  високи европски претставници ја напуштија станицата

Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти.

Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев.

Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“.

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“.

Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање директно на вратите на ЕУ и НАТО“„

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Сончево со мала до умерена облачност и ветер

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати.

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени

Активен пожар има само во Општина Македонски Брод кај с. Белица, м.в. Кајорец – каде што годи нискостеблеста и мешана шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер