Видео- фото: Хајди Клум во танга бикини ужива на плажа - Канал 5

Видео- фото: Хајди Клум во танга бикини ужива на плажа

Познатата германска манекенка, славниот модел Хајди Клум, е поактивна од кога било на социјалните мрежи, каде што често ги воодушевува своите обожаватели со разни жешки фотографии.

Видео- фото: Хајди Клум во танга бикини ужива на плажа

Откако претходно позираше топлес и ги „запали“ мрежите, атрактивната моделка и водителка сега воодушеви со видео на кое покажа како ужива на плажа.

Во видеото Хајди позира во проѕирен фустан за плажа кој само ги покрива нејзините интимни делови.

За своето најново секси издание жешката Хајди доби илјандици лаккови и коментари од своите милионски фанови.Инако често на фотките и видеата Хајди го покажува и својот сопруг Том.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерии

Мултинационалниот автомобилски гигант „Stellantis“ објави дека ќе го прекине производството во три француски фабрики во траење од најмалку една недела, делумно поради недостиг на батерии за електрични возила.

„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерии

Фабриката во Сошо, каде што се произведуваат моделите „Peugeot 3008“ и „Peugeot 5008“, ќе биде затворена од 23 до 30 октомври поради недостиг на батерии со голем досег, се наведува во соопштението на компанијата објавено во вторникот.

„Побарувачката за овие модели е многу голема, особено кај корпоративните клиенти, и постојано ги надминува капацитетите за снабдување“, соопштија од компанијата.

„Во овие услови, привремено го прилагодуваме распоредот на производство за да го усогласиме со потребите на пазарот и да избегнеме натрупување залихи на возила кои не одговараат на побарувачката на купувачите“, објаснија од „Stellantis“, додавајќи дека станува збор за еднократна мерка.

Фабриката во Рен, исто така, ќе биде затворена од 22 до 30 октомври од истата причина, при што ситуацијата делумно влијае врз производството на моделот „Citroën C5 Aircross“.

Недостиг на батерии

„Stellantis“ ги набавува батериите со голем досег од „Automotive Cells Co.“ (ACC), компанија основана во соработка со „Mercedes“ и „TotalEnergies“. „ACC“ управува со фабрика во Франција, но раководството ги откажа плановите за изградба на фабрики во Италија и Германија поради слабата побарувачка за електрични возила во последните години. Сепак, оваа година интересот на потрошувачите за електрични возила неочекувано порасна, поттикнат од високите цени на горивото по почетокот на војната. „За жал, сè уште не добиваме доволно батерии, и покрај значителниот напредок во производството на ACC“, изјави портпарол на „Stellantis“.

Само во септември, „ACC“ произведе речиси исто толку батериски модули колку што произведе во текот на целата претходна година, соопшти компанијата. „Го зголемуваме производството и процесот се одвива добро, во меѓувреме, ги исполнуваме обврските кон нашиот клиент „Stellantis“, при што нивоата на испорака на батерии се усогласени со нивните барања“, изјави портпарол на „ACC“ за Ројтерс.

„Stellantis“ објави дека производството во фабриката во Милуз, исто така, ќе биде прекинато од 15 до 30 октомври, додавајќи дека тој прекин не е поврзан со недостигот на батерии. Покрај трите фабрики во Франција, „Stellantis“ претходно веќе најави прекин на производството во траење од две недели во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино кон крајот на октомври, при што раководството наведе дека работниците ќе бидат испратени на неплатено отсуство. Компанијата го запре производството во таа фабрика и во август и во септември, наведувајќи како причина недостиг на компоненти за мотори, иако синдикатите тогаш истакнаа дека побарувачката за моделот „Fiat 500“ – кој се произведува во „Мирафиори“ – била послаба од очекуваното.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка

Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.

Фото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка

Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание.

Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко.

„Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа.

Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија.

„Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè

Фото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа

Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“.

Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано.

За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека.

Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер