3Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа
ЗабаваВидео-Фото: Фудбалерите на Јувентус гости на Трамп во овалната соба, Претседателот на Америка, Доналд Трамп се запозна со фудбалерите на европскиот фудбалски великан Јувентус. Италијанскиот гигант е во САД каде настапува на премиерното Светско клупско првенство. Во стртниот дуел Јуве со 5-0 го декласираше Ал Аин од ОАЕ во Вашингтон. Пред натпреварот, фудбалерите на Јувантус биле гости на Белата Куќа и претседателот Трамп. Спектакл во Белата куќа! Доналд Трамп го угости тимот на Јувентус во Овалната соба, а потоа им постави незгодно прашање на Влаховиќ и неговите клупски другари.. Имено, покрај играчите, таму беа и лидерите на „старите дами“, како и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а присутните новинари ја искористија можноста да се осврнат и на политичките прашања. Едно од нив беше за ставовите на претходниот претседател на Америка, Бајден за трансродовите лица во спортот. Трамп иронично додаде: - Може ли жена да биде дел од вашиот тим, луѓе? Кажете ми... но сега сте љубезни. Што мисли генералниот менаџер - им се обрати Трамп на претставниците на Јувентус. - Имаме многу брз женски тим - Трамп го доби одговорот, а потоа додаде: - Но, тие треба да играат со жени, нели? Многу дипломатски одговори - заклучи американскиот претседател. .@juventusfc is in the Oval Office meeting with President @realDonaldTrump! ⚽️pic.twitter.com/TQsIZ3IR8I — Trump War Room (@TrumpWarRoom) June 18, 2025 Тагови: Доналд Трамп Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Сотир Лукровски ги продолжува работните активности и обврски во Општина КарпошГрадоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски.И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација. Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа континуирано, со цел граѓаните да не почувствуваат застој во работењето на локалната самоуправа. Со враќањето на градоначалникот Лукровски на работните обврски, Општина Карпош продолжува со уште поинтензивна координација на започнатите активности и со јасен фокус на реализација на приоритетите значајни за граѓаните. Во наредниот период, приоритет остануваат проектите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општината: унапредување на постојната инфраструктура, санација и реконструкција на урбаната опрема, одржување на јавните површини и зеленилото, како и постојано присуство на општинските служби на терен. Градоначалникот Сотир Лукровски останува посветен на одговорно, транспарентно и континуирано работење, со цел Општина Карпош да продолжи да функционира како стабилна, услужна и отворена локална самоуправа за сите граѓани. Општина Карпош продолжува со реализација на своите обврски, проекти и активности во интерес на граѓаните, со јасна заложба за отчетност, ефикасност и посветена работа. Соопштение од Општина КарпошТагови: Општина Карпош Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаЈО: Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗПо спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп.Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое се занимавало со негово производство и увоз, иако истото и претходно повеќепати увезувало ваков вид стока. Притоа влијаел врз службено лице – фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин. На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници. Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поради постоење на околнистите заради кои истиот беше определен, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договарааСДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа.Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во блокирање на реформскиот закон односно Изборниот законик. Иако Законот беше усогласен со сите забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР, барањата на СДС и Левица не се суштински, туку имаат за цел да направат штета на Македонија во делот на исполнување на Реформската агенда. Врз основа на тоа, јасно укажавме дека оваа коалиција на Филипче и Апасиев, да поднесат амандмани за корекција на начинот на заокружување на гласачкото ливче, да поднесат амандмани за процесот за поднесување на приговори, да ги повлечат другите демагошки амандмани кои ги поднесоа и заедно сите политички чинители во консензус да го донесеме Изборниот законик. Единствено што бараме и тоа е нашта црвена линија и беше прифатено, тоа е нашата македонска дијаспора на следните претседателски избори да гласа по електронски пат. Почитувани граѓани, Нема да дозволиме СДС и Левица на чело со Филипче и Апасиев, да си создаваат алиби за дебаклот што ги чека на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ не работи по стапките на СДС, во чии редови очигледно им работи Фројд. Тоа што тие би го направиле, нам ни на мисли не ни поминува. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook