Видео-Фото: Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици - Канал 5

Видео-Фото: Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Британскиот боксер и поранешен светски првак во тешка категорија Ентони Џошуа е повреден во сообраќајна несреќа во која загинаа две лица во нигериската сојузна држава Огун, соопшти денеска локалната полиција.

Видео-Фото: Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Триесетишестгодишниот Џошуа минал со полесни повреди кога неговиот автомобил се судрил со друго возило, соопшти полициската команда на државата Огун.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од Џошуа како седи без маица на задното седиште, на кое се гледаат остатоци од скршено стакло.

Според локалните медиуми, Џошуа бил на задното седиште од возилото кога се судрило со паркиран камион.

Џошуа води семејно потекло од градот Сагаму во сојузната држава Огун, во југозападна Нигерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер