Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
1Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
2Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
Шоу бизВидео-Фото: Џенифер Лопез позираше без грам шминка за својот 56-ти роденденСветската ѕвезда Џенифер Лопез го прослави својот 56-ти роденден со стил. Музичката и актерската ѕвезда сподели серија фотографии со своите обожаватели од прославата во Анталија, Турција, а онаа на која позира без грам шминка привлече посебно внимание. Џеј Ло објави селфи одблизу пред огледалото, покажувајќи го своето лице без шминка. Со малку разбушавена коса, украсени нокти, пејачката позираше во едноставна сино-бела пругаста кошула. „Каков подарок си за мене! Ти благодарам многу за сите прекрасни желби за роденден“, напиша Лопез покрај објавата, заблагодарувајќи им се на своите следбеници. Фотографијата на која позира без шминка го привлече вниманието на обожавателите, а многумина го пофалија нејзиниот гест во коментарите. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) „Среќен роденден, кралице“, „Безвременска убавице“ и „Вистинска инспирација си“, напишаа обожавателите. За вечерната забава, која следеше по нејзиниот настап во Анталија, Лопез се трансформираше во гламурозна дива. Таа блескаше во блескав сребрен фустан со длабоко деколте и многу отворен грб. Во видеото што го сподели, таа танцува околу џиновска торта за роденден на песната Everyday Is My Birthday од Futuristica. Нејзината препознатлива шминка, со техника „smokey eye“ и сјајни усни, го комплетираше изгледот.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
БалканСрбија воведе забрана за влез на државјани од Црна ГораСпоред локалните медиуми ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац.Според извештаите, од 19:30 часот ниту еден црногорски државјанин не бил пропуштен да влезе во Србија, што предизвикало застои и колони на границите. Медиумите наведуваат дека мерката е воведена по протерување на повеќе од 80 српски државјани од Тиват поради безбедносни причини. Засега нема официјална потврда за траењето на мерката, а се очекува ситуацијата да се нормализираКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработкаФорумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји. Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст. Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности. „Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски. На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос. Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти. Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решениеЕвропската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter