3Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар
3Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
ТехнологијаВидео: Филм од 1896 година во боја и во 4К резолуција?Немиот филм „Влегување на воз во станица“ на браќата Лимијер создаден е далечната 1896 година. Со помош на вештачка интелигенција, денес можеме да го гледаме во боја и во 4К резолуција.Според урбаната легенда, кога овој филм прв пат бил прикажан пред публика, луѓето биле толку изненадени што некои од нив врискале и се обидувале да се тргнат од пред возот стравувајќи да не бидат прегазени. Денес, 124 години подоцна, Денис Ширјајев ја искористил вештачката интелигенција за да го подобри оригиналниот филм и да го трансформира во 4К 60fps снимка. Комбинација од програмите „DAIN“ и „Gigapixel AI“ е користена за анализа на оригиналните снимки и пронаоѓање детали и структури со кои би требало да се комплетира сликата. Оваа технологија помага да се изострат и подобрат оригиналните снимки, како и да се додадат пиксели кои недостасуваат, пишува „Mashable“. Погледнете како изгледа овој стар филм во 4К резолуција: Вака изгледа оригиналната снимка: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава. Тоа е вистинското лице на оваа криминалната власт. ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница. И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот. Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно: Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар? Зошто документите се кријат од јавноста? Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење? Криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните. Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно. Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени? Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа. Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода. Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема. Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема. Само изјави, контрадикторни информации и „чувства“. Граѓаните на Гостивар не бараат славење, партиски прослави и здравици. Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност. Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнтер бара ново засилување во АнгалијаИталијанскиот фудбалски шампион Интер продолжува со „шопинг“ во Англија. Откако ова лето го ангажираше централниот дефанзивец Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити како слободен играч и му плати 30 милиони евра на Тотенхем за десниот бек Џед Спенс (26), италијанскиот тим кој ја освои двојната круна тргнува по уште еден Англичанец. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе понуди 30 милиони евра за играчот за врска на Ливерпул, Кертис Џонс (25) – сума за која се очекува да биде доволна, со оглед на тоа што договорот на Џонс истекува следното лето. Џонс има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 гола и забележал 25 асистенции.Тагови: Интер Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ЕвропаСредно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.Средното училиште Heilige-Drievuldigheids college (HDC)“ во Лувен воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“, во кој припадниците на белгиската војска и локалната полиција ќе ги учат учениците за геополитика, заштита на податоци, радикализација и конфликт. Курсот, кој ќе биде воведен во септември, ќе го посетуваат студенти од трета година по спортски науки еднаш неделно, а „HDC“ ќе биде првото училиште во Белгија што ќе воведе таква програма, објави „VRT“. Директорот на училиштето, Франк Бајенс, рече дека целта е учениците подобро да ги разберат безбедносните прашања и да ја развијат способноста да формираат свои мислења, наместо да ги подготвуваат за кариера во војската. Покрај геополитиката и радикализацијата, лекциите ќе опфаќаат превенција, право, етика и заштита на податоци. Учениците нема да учат како да ракуваат со оружје или самоодбрана како дел од курсот. Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти. Директорот рече дека учениците генерално позитивно реагирале на новиот предмет, но дека некои родители изразиле загриженост за можното поттикнување на „воена реторика“. Бејнс одговори дека целта е токму спротивна - учениците да можат да формираат свои мислења преку познавање на безбедносните прашања. Фото: ВИ Извор: Б92Тагови: Белгија Средно училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter