ФудбалВидео: ФИФА се огласи за поништениот гол на Хрватска – ова е објаснувањетоСветската фудбалска федерација (ФИФА) објасни зошто голот на Хрватска против Португалија беше поништен. Јошко Гвардиол го совлада Рикардо Коста во 13-тата минута од судиското продолжение, но израмнувањето беше спречено од „Connected Ball“ технологијата. Според ВАР системот асистентот на погодокот на Гвардиол , Марио Пашалиќ бил во офсајд, само затоа што неговиот соиграч Игор Матановиќ имал минимален контакт со топката со главата пред тоа. „Според податоците обезбедени од технологијата „Connected Ball“ која што се наоѓа во внатрешноста на официјалната топка на Светското првенство -Adidas Trionda, докажано е дека хрватскиот играч Игор Матановиќ имал контакт во фазата на подготовка на акцијата пред голот против Португалија, што му овозможи на судијата правилно да утврди офсајд и да го поништи голот“, се вели во соопштението на ФИФА. Гледачите на ТВ екраните веднаш можеа да го видат тој мал контакт преку графика , што покажуваа дека Матановиќ имал допир со топката. „IMU сензорите лоцирани во Трионда се способни да детектираат секаков мал контакт, прикажан на гледачите на емитувањето како „графика на отчукувања на срцето“ и да им обезбедат на службените лица невидено ниво на податоци за брзи и точни одлуки.“- стои во соопштението на ФИФА. Тагови: СП2026 ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Официјално е отворен Градскиот базен во Кавадарци!Денес, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и бројни гости, градоначалникот Митко Јанчев официјално го пушти во употреба целосно реконструираниот Градски базен.Денес, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и бројни гости, градоначалникот Митко Јанчев официјално го пушти во употреба целосно реконструираниот Градски базен – еден од најсовремените спортско-рекреативни комплекси во државата. Со инвестиција од околу 1 милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, базенскиот комплекс доби целосно нов лик. Реконструирани се големиот и малиот базен, изграден е современ систем за филтрација и пречистување на водата, поставени се нови водни атракции и тобогани, детски водни реквизити и современо детско игралиште, а целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и сите придружни содржини. Ова не е само реконструкција на еден објект, туку инвестиција во иднината на Кавадарци – во спортот, рекреацијата, туризмот и подобриот квалитет на живот на граѓаните. Градскиот базен повторно ги отвори своите врати и од денес ќе биде место за спорт, рекреација, дружење и создавање нови летни спомени за сите генерации. [💙] Кавадарци доби уште еден капитален проект со кој продолжува да се развива како современ и урбан град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаботна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван СтоилковиќРаботна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван СтоилковиќЗаменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. На работната средба беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на Република Македонија. Заменик-министерот Ристески пред министерот ја претстави последната мерка објавена од Агенцијата за вработување која е дел со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а тоа е мерката „Економија на грижа - Општинско-корисна работа“ која е наменета за општините. Со истата се овозможува општините работно да ангажираат невработени лица од евиденцијата на АВРМ со стекнат сертификат за давател на услугата во период од 9 (девет) месеци за ангажман од 40 часови неделно. Лицата би биле ангажирани во областите на социјални или здравствени услуги во согласност со потребите на локално ниво, како и за приоритетни целни групи на крајни корисници. За нивниот ангажман лицата ќе добиваат недомест од 24.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. На средбата соговорниците се согласија дека приоритетна цел за Владата на Република Македонија е да имаме економски стабилни, силни и дигитализирани општини кои нудат квалитетни услуги за граѓаните и компаниите во Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите. Венко Филипче, како министер за здравство, направи тотален колапс на здравствениот систем. Токму во периодот кога Филипче беше министер, голем број здравствени работници го напуштија јавното здравство, а системските проблеми останаа нерешени. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс, туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците. Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки. СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија, каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар. Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки, за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително, се работи и на отстранување на проблемот заради кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар, за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на стабилизација на здравствениот систем, подобрување на условите во јавните здравствени установи, намалување на листите на чекање, инвестиции во опрема и обезбедување поквалитетни здравствени услуги за граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи кои ќе обезбедат поефикасен, поквалитетен и поодржлив здравствен систем. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter