Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат
1 Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат
Шоу бизВидео: Федерер се почести со луксузен апартман во Дубаи!Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Роџер Федерер одлучил да се почести со луксузна недвижнина.Легендарниот Швајцарец во монденскиот Дубаи, во кои често престојува купил „пентхаус“ во славната зграда „ Le Reve". Федерер за суперлуксузниот апартман во една од најскапите згради во Дубаи морал да плати дури 15 милиони евра, пренесуваат медиумите. Погледот од апартманот на Федерер од 566 квадратни метри е неверојатен. Станот е светол и има величествен поглед на морето од балконот од 80 квадратни метри, пишуваат швајцарските медиуми. Семејството Федерер на располагање има и базен кој се наоѓа на кровот на зградата, како и најсовремен фитнес центар, опремен по инструкции на Роџер, поради тоа што славниот тенисер токму во Дубаи редовно се подготвува за почетокот на секоја сезона., Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжатАмериканските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната во Украина. Подоцна им се придружија и некои европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на Велика Британија, Џонатан Пауел пренесува Би-Би-Си. Но според медиумот фундаменталните разлики остануваат. Американските претставници дојдоа брзо од Москва, каде што Владимир Путин им кажа дека Русија прави „опиплив напредок“ на бојното поле. Приказната што ја слушнаа од Украина беше поинаква, всушност спротивна. Украинските власти тврдат дека во август добиле повеќе територија отколку што изгубиле, а Русија претрпе 42.000 жртви, мртви или ранети. Путин, исто така, им кажа на американските претставници дека мора да се решат корените на конфликтот, неговите стратешки барања украина да отстапи територија, да се откаже од надежите за приклучување кон нато и да ја намали големината на својата армија.по разговорите, Зеленски инсистираше дека Украина ќе бара „силни и јасни“ безбедносни гаранции, вклучително и силна армија тој не даде никакви знаци дека е подготвен да се откаже од која било територија во источниот регион донбас, прашање што го опиша како „тешко“. Виткоф инсистираше дека е постигнат напредок и дека постојат состојки за спогодба. Но, тој призна дека обете страни ќе мора да направат компромиси за да ги намалат разликите меѓу нив. И во моментов, тешко е да се замисли дека која било од страните ќе го стори тоа. Значи, засега, очекувањето во киев е дека борбите ќе продолжат и дека ќе се соочат со тешка зима.Тагови: Виткоф и Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
СветДрама во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“. Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица. Footage shows the moment that the 21 Air Flight 7598 overran the runway and crashed at Miami International Airport. Per reports, at least 5 individuals are dead with an unspecified number of injuries. pic.twitter.com/cOKhKwoTwh — OSINTdefender (@sentdefender) September 7, 2026 Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико. WATCH: Second angle shows the Prime Air Boeing 767 cargo plane on fire with heavy black smoke after overshooting the runway at Miami International Airport. pic.twitter.com/YQ6U0csGfg — Scope Report (@ScopeReport_) September 6, 2026 Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаГрад Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Прскањето ќе се одвива на водни површини. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: Град Скопје комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter