Видео: Џорџ Клуни и Бред Пит ги воодушевија жените во елегантно издание - Канал 5

Видео: Џорџ Клуни и Бред Пит ги воодушевија жените во елегантно издание

Најголемите холивудски заводници, актерите Џорџ Клуни и Бред Пит повторно ги воодушевија жените. 

Видео: Џорџ Клуни и Бред Пит ги воодушевија жените во елегантно издание

Модно координирани, елегантни и расположени Бред Пит и Џорџ Клуни се појавија на премиерата на филмот „Волци“ во Лос Анџелес. Џорџ Клуни и Бред Пит беа модерно усогласени - и двајцата избраа елегантни одела.

Бред Пит носеше беж костум, бела кошула и беж чевли. Лежерно го откопча костумот, а на неговиот лежерен изглед му додадоа и очилата за сонце. Неговиот колега и колега во филмот „Волци“, Џорџ Клуни, се одлучи за елегантен црн костум.

Клуни под добро скроениот костум облече црна кошула, а избра ремен со дискретна тока. Актерите изгледаат неверојатно во шеесеттите години и пленат со шарм каде и да се појават. Покрај тоа, тие се и добри пријатели познати по одличната смисла за хумор. Тие одлично се забавуваа додека го промовираа својот нов филм. Така беше и на премиерата во Лос Анџелес, каде весело им позираа на бројните фоторепортери, пренесува Информер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија

Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија

Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија.

Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање.

„А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“

Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање.

„Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата.

Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија.

По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното море

Романија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.

Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното море

НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај.

Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки.

Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објект

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.

Кривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објект

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш.

Од министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, опфатени се и поранешната раководителка на секторот за урбанизам во општина Струмица и управител на правно лице од Битола, кое во меѓувреме е ликвидирано.

Според МВР, во 2022 година Костадинов и поранешната раководителка, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања, му овозможиле на физичко лице од Куклиш да легализира објект изграден без соодветна документација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер