Видео: Девојка вознемирува животни во скопската зоолошка

На видеото се гледа како младата девојка ја прескокнува оградата од живеалиштето на мечките и ги вознемирува животните во зоолошката градина во Скопје.

Видеото е споделено на Инстаграм профилот на Зоо Скопје а е преземено од социјалната мрежа Тик Ток каде девојката сама го објавила.

„Студентка по криминологија на факултет за безбедност. Доаѓа во Зоо Скопје да се иживува врз животни и да си го ризикува животот.

Секако, ќе си добие соодветна пријава , а ваквото однесување е недозволиво!

п.с Чекаме едно исто вакво видео со јавно извинување“, стои во објавата на Инстаграм.

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да се пофалат што се подготвуваат за можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмаер.

На брифинг во Женева тој рече дека СЗО сè уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која беше откриена во јужна Африка.

– Многу е за пофалба што производителите на вакцини веќе почнаа да прават планови согласно кои веројатно ќе треба да ја приспособат постоечката вакцина, рече тој додавајќи дека „е добро да не се чека да заѕвони алармот".

Линдмаер сепак нагласи дека ќе биде потребно уште некое време и оти не треба да се брза со заклучоците. Според него, прелиминарните податоци покажуваат дека има поголема преносливост, но оти во суштина тоа е сè што засега се знае.

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Се подобрува епидемиолошката состојба во Словенија, отворени скијачките центри

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.737 инфекции со коронавирус, со што продолжува трендот на подобрување на епидемиолошката состојба кое трае речиси две недели, а денеска во земјата се отворени скијачките центри.

Со 5.485 тестови откриени се 1.737 заразени, 37,1 отсто од тестовите биле позитивни. Ден претходно имало 2.125 заболени односно 34,1 отсто позитивни тестови. Значителен пад на новозаразените се бележи и на неделно ниво и е далеку од состојбата пред еден месец, кога на 3 ноември имаше 4.518 новозаразени, што е највисока бројка досега во четвртиот бран на епидемијата.

Бројот на активни инфекции се уште опаѓа и изнесува 31.796 случаи, а истиот тренд го покажува и двонеделната инциденца која моментално е 1508 (84 помалку од претходниот ден), додека седумдневнатиот просек на инфекции во еден ден падна за 88 и за прв пат падна под 2.000, моментално изнесува 1906.

Хоспитализациите стагнираат

Хоспитализациите стагнираат, со вкупно 1.059 пациенти во болниците денес, од кои 270 на одделенијата за интензивна нега, додека 17 пациенти починале, со што бројот на починати се искачи на 5.272 од почетокот на епидемијата.

Поповолната епидемиолошка состојба ќе ги подобри резултатите на словенечкиот туризам во зимската сезона, во однос на минатогодишните катастрофални резултати кога претежно беа затворени скијачките центри.

Повеќето од нив имаат доволно снег и денеска се отворени, со пропишаната епидемиолошка рамка за која се надеваат дека ќе трае до крајот на сезоната. Скијачите мора да бидат вакцинирани, со потврда дека прележале Ковид или дека биле негативно тестирани, а маски треба да се носат во кабините на жичарницата.

Пешак смртно настрада во сообраќајна несреќа на излезот од Охрид

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на излезот од Охрид на магистралниот пат кон Битола.

Според првичните информации, повозрасно лице бил прегазено од моторно возило „Ауди" со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид.

Полицијата го потврди случајот, на самото место се врши увид што треба да ги утврди причините за несреќата, а повеќе информации од СВР најавија за утрешниот ден. /МИА

притисни ентер