Видео: „Citroen“ го најави електричниот „C3“, ќе чини помалку од 25.000 евра - Канал 5

Видео: „Citroen“ го најави електричниот „C3“, ќе чини помалку од 25.000 евра

Францускиот производител го потврди датумот на премиерата на новиот електричен модел „e-C3“.

Видео: „Citroen“ го најави електричниот „C3“, ќе чини помалку од 25.000 евра

„Citroen e-C3“ ќе биде новиот основен модел во електричната гама на француската марка. Премиерата е закажана за вторник, 17 октомври, а од компанијата веќе потврдуваат дека автомобилот на европските патишта ќе се појави на почетокот на следната година со почетна цена помала од 25.000 евра.

Потврдено е дека серискиот модел ќе има допирни точки со концептот „Oli“ од 2022. Некои француски медиуми ја споменуваат понудата на електромотор со моќност од 82 или 109 КС, во зависност од изворот. Батеријата ќе има капацитет меѓу 40 и 50 kWh, што би значело домет од најмалку 300 километри.

Ова го позиционира „e-C3“ под сегашните домашни „братучеди“ како што се „e-208“ и „e-Corsa“.

Одлична понуда од „L'Argus“ најавуваат и во Франција, каде што ќе се нуди со месечен закуп од само 100 евра, значително помалку од „е-208“, кој сега се нуди за „145“ евра месечно.

Инаку, претходно се шпекулираше дека „Citroen e-C3“ ќе се произведува во Крагуевац, во погоните на „Fiat“, односно на компанијата „Stellantis“, но официјална потврда за тоа се уште нема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светот минатата година добил речиси милион нови милионери

Светот доби речиси еден милион нови милионери во 2025 година, објави Еуроњуз. 

Светот минатата година добил речиси милион нови милионери

Медиумот пресметал дека во просек дневно милионери станувале 2.700 луѓе, или речиси двајца секоја минута.

Источна Европа го забележала најбрзиот процент на раст, додека Обединетото Кралство, Франција и Шпанија заостануваат зад САД во однос на вкупниот број нови милионери. Пет европски земји ги зазедоа првите пет места на глобалната ранг-листа на триесетте најбрзорастечки земји, односно, Литванија, Турција, Летонија, Унгарија и Ирска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува

Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува кон коалицијата.

Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува

Почитувани претставници на медиумите, почитувана македонска јавност,

Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните.

Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Ова партнерство е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани.

Посебно ми е драго што денес нашето политичко семејство станува побогато со Демократската партија на Турците на Македонија. Турската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на државата. Нашата соработка е доказ дека вистинските политики ги поврзуваат луѓето, а не ги разделуваат, и дека кога постои искрена намера да се работи за граѓаните, различностите стануваат наша предност.

Денес зборувам и како претседател на политичката партија која во овој момент ја има најголемата доверба кај граѓаните и претставува најсилниот политички субјект во државата.

Некој можеби ќе очекува дека поради тоа сум задоволен. Но, искрено, не сум среќен кога гледам во каква состојба се наоѓа опозицијата. Бидејќи на државата ѝ е потребна силна, сериозна и конструктивна опозиција. Тоа е во интерес на демократијата, во интерес на институциите и, пред сè, во интерес на граѓаните.

Од друга страна, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира. Практично Демократската партија на Турците на Македонија од денеска е составен дел на коалицијата, како дел од внатрешната коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското собрание и со тоа веќе парламентарното мнозинство добива уште еден пратеник дополнително, а пратеничката група на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент ќе брои 59 пратеници.

Тоа за нас не е причина за самозадоволство, ниту политичка привилегија. Напротив, тоа е уште поголема обврска и уште поголема должност кон граѓаните. Колку е поголема довербата што ја добиваме, толку е поголема и нашата одговорност да испорачаме резултати.

Истовремено, ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е силна, стабилна и моќна политичка структура, која ја препознаваат сè повеќе граѓани и политички субјекти. Но, мојата амбиција никогаш не била ВМРО-ДПМНЕ само да победува на избори. Победите се важни, но тие не се крајната цел. Мојата цел е ВМРО-ДПМНЕ да биде политичка сила која обединува, која ги поврзува луѓето околу заеднички вредности, околу развојот на државата и економскиот напредок, владеењето на правото, подобриот живот за секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска и политичка припадност.

Верувам дека токму така се гради силна држава – кога политиката не создава нови поделби, туку нови партнерства; кога не се бројат разликите, туку заедничките цели; и кога сите што искрено сакаат да допринесат за напредокот имаат место во заедничкиот пат кон подобра иднина.

Продолжуваме посветено, одговорно и со уште поголема енергија. Граѓаните очекуваат резултати, а наша должност е секој ден да ја оправдуваме нивната доверба со работа, реформи и исполнети ветувања, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај на примирјето: Ескалира војната меѓу САД и Иран со жестоки напади и жртви

Иран и САД ги возобновија нападите.

Крај на примирјето: Ескалира војната меѓу САД и Иран со жестоки напади и жртви

Неколку часа откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, објави дека, според него, примирјето со Техеран е „завршено“, американските сили започнаа нови напади врз Иран. Како одговор, Техеран соопшти дека нападнал американски објекти во Кувајт, Бахреин и Катар, а подоцна во четвртокот соопшти и за нови удари по цели во Кувајт, Јордан и Ирак.

Централната команда (CENTCOM) соопшти дека целта на бомбардирањата биле да се ослаби Иран да го загрозува бродскиот сообраќај во Ормутскиот теснец. Според извештаите, погодени се повеќе од 90 цели, вклучувајќи системи за воздушна одбрана, ракетни бази и логистичка инфраструктура. Иранското Министерство за здравство соопшти дека во нападите во изминатите два дена загинале 14 лица, а 78 се повредени, од кои околу 50 се хоспитализирани.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека договорот со Иран бил јасен – доколку продолжат нападите врз бродовите во Ормунскиот Теснец, САД ќе одговорат со силен воен одговор.

Еве го базичниот договор на кој се согласивме. Ќе ги кренеме санкциите кон вас доколку престанете да ги таргетирате и уништувате бродовите. Но ако уништите брод, ние ќе возвратиме жестоко, пожестоко од било кога. Тоа беше договорот. Тие рекоа ќе престанат да уништуваат бродови. И знаете што се случи во изминатите 24 часа? Тие повторно започнаа да уништуваат бродови. Беа добри и добро се однесуваа една недела, и повторно почнаа да бомбардираат бродови. Договорот е едноставен. Ако уништат брод, ние ќе возвратиме жестоко кон нив и ќе ги унишиме. Тоа е договорот едноставен и така ќе одговориме ние – посочи Џеј Ди Венс.

Илјадници поддржувачи на Хезболах облечени во црно се собраа во јужните предградија на Бејрут, мавтајќи со знамиња на Хезболах и ирански знамиња, изразувајќи лојалност кон покојниот врховен водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Му се заколнавме на нашиот врховен лидер Хамнеи, дека нашето достоинство и чест ќе останат недопрени. Ќе го продолжиме патот, без оглед какви отстапки и пожртвувања треба да направиме. Ќе ја продолжиме нашата мисија и ќе ги продолжиме нашите заклетви кои ги дадовме на врховниот лидер – изјави Јасер Џабер.

Преговорите меѓу Иран и САД се одложени до завршувањето на повеќедневните погребни церемонии за ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер кој беше убиен на првиот ден од војната. Се очекува разговорите да продолжат утре во Исламабад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер