Видео: „Чудовиштето“ не мирува: Ерупцијата станува сè посилна, а најлошото доаѓа - Канал 5

Видео: „Чудовиштето“ не мирува: Ерупцијата станува сè посилна, а најлошото доаѓа

Вулканот Кључевскаја на Камчатка утрово исфрли столб од пепел во висина од 10 километри, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далечноисточната подружница на Руската академија на науките на својот Телеграм канал.

Видео: „Чудовиштето“ не мирува: Ерупцијата станува сè посилна, а најлошото  доаѓа

„Врвот на вулканот продолжува да еруптира. Според сателитските податоци, емисиите на пепел достигнале висина од 9 до 10 километри надморска височина, а облакот од пепел се протега 515 км југоисточно од вулканот. Лавините и емисиите на пепел продолжуваат да течат од кратерот на врвот на вулканот“, се наведува во извештајот, пренесува Интерфакс.

Надлежните исто така, информираат дека емисиите на пепел од вулканот Кључевска до висина од 15 километри може да се појават во секое време и дека таквата континуирана активност може да влијае на меѓународните и домашните летови, наведува агенцијата.

Претходно, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека се очекува ерупцијата на вулканот Кључевска да се интензивира во наредните денови.

Инаку, Кључевској е активен вулкан на истокот од Камчатка, висок 4.850 метри.

Се наоѓа на 360 километри од Петропавловск-Камчатски и е највисокиот активен вулкан во Евроазија, а има правилна конусна форма со кратер на врвот со дијаметар од околу 700 метри.

Во моментов има седум активни вулкани во Камчатка.

Вулканот почна да еруптира ноќта на 31 јули по силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а неговата ерупција станува сè посилна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење

Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“

СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење

Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна.

Две години знаеле.

Две години молчеле.

Две години граѓаните пиеле загадена вода.

А водата сѐ уште не е целосно исправна.

По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски.

Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна.

Сѐ уште чекаме официјална потврда.

Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат.

Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија.

Дали знаел и за другите места во Македонија?

Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија - на планините и езерата.

Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица.

За загадувањето на Лепенец и Вардар - нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија.

Мицкоски сакаше да се претстави како спасител.

Наместо тоа - јавно призна кривично дело.

Скопје, 02.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салах пред трансфер во Трабзонспор

Трабзонспор е блиску до тоа да го „украде“  досегашниот ас на Ливерпул, Мохамед Салах од Бешикташ. 

Салах пред трансфер во Трабзонспор

Клубот влезе во напредна фаза на преговори со агентот на играчот и сега е многу блиску до постигнување целосен договор со самиот Салах.

Како резултат на тоа, Бешикташ официјално ги прекина преговорите на неодредено време, иако претходно имаше постигнато устен договор со претставниците на фудбалерот.

Договорот предвидуваше едногодишна соработка со опција за продолжување за уште една сезона, годишна нето-плата од 10 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси, според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, чии информации ги пренесе неговиот колега Санти Ауна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Во Перу падна туристички авион,13 загинати

Тринаесет лица загинаа денес при падот на мал туристички авион над археолошкиот локалитет „Наска линии“ во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.

Видео: Во Перу падна туристички авион,13 загинати

Перуанскиот државен информативен канал „ТВ Перу“ соопшти дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, пренесе Ројтерс.

Локалните власти изјавија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, на околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од локалитетот со Линиите од Наска.

Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија „Аеродијана“ (Aerodiana). Авионот полетал од аеродромот во Писко за да прелета над линиите Наска, но неколку минути подоцна ја изгубил врската со контролната кула, објавија локалните медиуми.

Причините за падот на авионот сè уште се непознати, а локалните власти најавија покренување

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер