Видео: Четврта титула во Лигата на шампионите за Реал Мадрид - Канал 5

Видео: Четврта титула во Лигата на шампионите за Реал Мадрид

Светскиот фудбалски великан Реал Мадрид испиша уште една трофејна страница во својата историја. Кралевите од Мадрид на финалето во Париз го совладаа Ливерпул со 1-0 и  стигнаа до 14 пехар во Лигата на шампионите.

Видео: Четврта титула во Лигата на шампионите  за Реал Мадрид

Во своето 17 финале во историјата на најелитното натпреварување фудбалерите на Реал ја освоија 14 европска круна. Кралевите од Мадрид на Сен Дени во Париз ја продолжија победничката низа во финалните средби во Лигата на шампионите, серија започната во далечната 1998 година. За Реал ова е петата титула во Лигата на шампионите во последните осум години.

Единствениот гол на мечот во Париз вреден титула за Реал го постигна младиот Бразилецот Винисиус во 59 минта , но херој на ова големо финале е голманот на Кралевите Тибо Куртоа кој вечерва беше несовладлив за фудбалерите на Лииверпул.Куртоа во големото финале успеа да одбрани рекордни 9 шута на противниците кои оделе во голот од 23 удари на фудбалерите на Ливерпул.

Избраниците на Карло Анчелоти до победата стигнаа со само четири удари кон голот на Алисон (еден во рамката), додека 23 не му беа доволни на противникот покрај расположениот Куртоа.

YouTube video

Црвените од Енфилд во своето десетто шампионско финале го претрпеа и четвртиот пораз втор од големиот ривал од Мадрид.

YouTube video

Финалето во Париз покрај по триумфот на Реал Мадрид ќе се памети и по контроврезниот старт на мечот кој доцнеше точнно 36 минути. Според медиумите приина за доцнењто е лошата организација и француската полиција која не успеа пред почетокот на дуелот не успеаа да ги сместат сите симпаизери на Ливерпул на стадионот . Иако вина им и кај навивачите на тимот од Англија , десетина илјади навивачи на Ливерпул пристигнале во Париз без влезница.

Предводникот на Реал славниот Италијанец Карло Анчелоти од вечерва е првиот тренер во историјата со четири титули од Лигата на шампионите.На патот кон рекордната 14 титула Реал славеше сензационални победи над фаворизираните ПСЖ, Челзи, Манчестер Сити и на крајот во финалето Ливерпул.

Фудбалерите на Реал и во големото финале покажаа дека сезонава се тим за респект и почит кој со своето искуство и техничко тактичка подготвеност отскокнуваа од сите ривали и на крајот заслужено го освоија најпосакуваниот европски трофеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Италијанската влада донесе декрет со законска сила кој предвидува поголемо домашно производство на нафта и гас за да се намали зависноста од увоз.

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Декретот предвидува мерки за поттикнување на производството, вклучително и назначување на владини комесари кои треба да им помогнат на регионите да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводород.

Мелони: Побрзи дозволи и помалку увоз

„Сакаме да продолжиме да го зголемуваме домашното производство на нафта и гас бидејќи нема многу смисла да се купува таа енергија од странство кога можеме да ја произведуваме тука во Италија“, рече премиерката Џорџија Мелони во видео порака во четврток, додавајќи дека токму тоа е целта на мерката одобрена од Советот на министри.

Регулативата содржи „итни мерки поврзани со цените на нафтата, со оглед на моменталната криза на меѓународните пазари, како и стратешката енергетска инфраструктура и активности“. Рим ќе може да назначува комесари кои ќе им помогнат на регионите да ги намалат административните пречки и значително да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводороди, рече Мелони.

„Италија не може да си дозволи да чека децении за да се реши концесијата“, нагласи таа.

Очекувани ефекти врз економијата

Владата го гледа зголемувањето на домашното производство како инструмент за намалување на трошоците за енергија за домаќинствата и бизнисите, зајакнување на енергетската безбедност и ублажување на изложеноста на промените во цените на увезените горива.

Повисокото производство треба да донесе и приходи од концесиски надоместоци и бенефиции за економијата и нови работни места во регионите каде што ќе се вади нафта и гас, а во исто време да се зголеми безбедноста на снабдувањето и да се намали зависноста од увоз, бидејќи промените во цените на увезените енергетски производи ја оптоваруваат економијата и јавните финансии, забележува деловниот весник „Il Sole 24 Ore“.

Клучни наоѓалишта: Вал д'Агри и Арго-Касиопеа

Порталот “Milano Finanza’ наведува дека мерките ќе ги опфатат и домашните копнени наоѓалишта, како што е Вал д'Агри, кој произведува околу 85 проценти од суровата нафта на Италија и 30 проценти од нејзиниот гас, и крајбрежните наоѓалишта како што е Арго-Касиопеа во Сицилијанскиот канал.

Италијанската подружница на „Шел“, која поседува 25 проценти од акциите во полињата Вал д'Агри и Темпа Роса, оваа пролет изјави дека доколку бидат одобрени нови бунари, Вал д'Агри би можел да го удвои сегашното производство од околу 40.000 до 80.000 барели нафта дневно, објави „Алијанс њуз“, забележувајќи дека капацитетот се проценува на 120.000 барели дневно.

Реакции на опозицијата

Овој потег веќе предизвика критики од опозицијата. Лидерот на партијата Зелено-левичарска Алијанса (AVS), Никола Фратоани, изјави дека лобистите за нафта и гас „го освоиле Палацо Чиги“, седиштето на италијанската влада.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница

На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски. 

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница

Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер