1Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
КошаркаВидео: Цела екипа сака да тепа еден противнички кошаркар!!Сите против еден. Наместо пријателски кошаркарски натпревар вистинска бркотница по теренот.Дуелот меѓу украинските екипи Одеса и Термопил требало да биде само еден вообичаен контролен дуел. Но, неочекувано во еден миг од последната четвртина средбата добила многу поинаков тек. Инцидентот се случил кога по еден дуел центарот на Термопил ненамерно го закачил во пределот на главата еден од противничките кошаркари. Веднаш реагирал еден од Американците во таборот на Одеса, по што започнала вистинска бркотница по теренот, во која за само неколку секунди се вклучиле и сите кошаркари од двете екипи. Во еден момент цел тим на Термопил тргна да го тепа воинствениот Американец од редовите на Одеса, кој за среќа сепак успешно бега по теренот се додека раководствата на двете екипи на ја смируваат состојбата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаНови докази пред завршницата за предметот за претседателката на ДКСКНаместо завршни зборови, нови докази во судењето за претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. Одбраната на Билјана Петровска Мантева, која се товари за откривање службена тајна на екс-директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ. Одбраната достави документација со која тврди дека известувања од истата предистражна постапка за набавката на мазут веќе биле доставени до ад есм и подружниците уште во август 2024 година, повеќе од еден месец пред дејствието за кое мантева се товари. Обвинителството се спротивстави, но достави и свој доказ за работниот ангажман на Небојша Стојановиќ . Доказите ќе се изведуваат на утрешното рочиште, на кое се закажани и завршните зборови од главната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаВладата прогласи едностран раскин на Договорот со концесионерот Енерџи Лукс КочаниВладата прогласи едностран раскин на Договорот со концесионерот Енерџи Лукс Кочани за изградба на мала хидроцентрала на Блатешка река под падините на Плачковица. Мештаните од виничкото село Блатец, кои со жив штит чуваа стража на реката, велат дека ова претставува кулминација на нивната десетгодишната борба за зачувување на планинската река од која пијат вода и ги наводенуваат своите земјоделски посеви. -За овие десет години, концесионерот нема удрено ни една лопата од својот план, така што реката сега за сега е зачувана. Ние сме посветени на нашата борба и остануваме на тоа да не започне никаква градба на тоа место. // Ова е еден голем чекор и се надеваме дека ќе биде последен чекор, дека успехот е веќе на крајот, меѓутоа доколку се искористат овие правни норми и хипотетички се продолжи концесијата, ние сме на терен, ние отрпнавме на терен и остануваме на терен се додека не ја видиме нашата река онаква каква што треба да биде,- - Блаже Анакиевски, жител на с.Блатец. Концесионерот во рок од 30 дена има право да ја обжали одлуката на Владата пред Управен суд, меѓутоа, градоначалникот на Виница – Митко Костадиновски е на ставот дека стручни лица всушност никогаш не отишле на терен да ја увидат фактичката состојба, односно дека трасата на хидроцентралата со моќност од 606 kW е на главната водоводна цевка на селото Блатец. -Граѓаните треба да бидат спокојни и да немаат никаков проблем, затоа што без разлика и да се уваже жалбата, ние пред да биде укината концесијата на Енерџи Лукс, ние како општина Виница им дадовме прекин за изградба. // Тие имаат право да поднесат на ново за дозвола за градба, но кога ќе излезат на терен стручнаци и кога ќе видат дека таму каде што им е одобрено за градба минува линискиот инфраструктруен објект за водоснабдување на село Блатец, мислам дека не постојат стручњаци од таа област што би дозволиле да биде тоа,- -Митко Костадиновски, градоначалник на О.Виница. Инвеститорот на хидроцентралата - Енерџи Лукс Кочани ја добил концесијата уште во 2013та година од кога и статусот на повластен производител на електрична енергија практично секоја година се обновувал, меѓутоа со оглед на тоа што не започнал со производство во утврдениот рок, Владата ја раскинала концесијата. Од Енерџи Лукс Кочани за Канал 5 изјавија дека се уште не ги добиле официјално документите за поништување на концесијата и најавија дека претстои правен спор за обжалување на одлуката пред Управен суд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаУапсена велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот сопругСемејна расправија во Велес синоќа завршила со обид за убиство, откако триесетгодишна жена му забила нож во градите на нејзиниот вонбрачен партнер. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во нивниот семеен дом, а повредениот маж бил пренесен во велешката болница, каде првично му била укажана лекарска помош. Од болницата брифираат дека на прием бил свесен, направени се снимки кои упатувале на животозагрозувачка состојба поради што е дадена соодветна терапија и триесет и седумгодишникот итно е препратен во Скопје. Сега е хиспитализиран на Торакална хирургија. Ножот продрел до белите дробови, но нема крварење, пациентот е стабилен и надвор од животна опасност, велат за Канал 5 од Клиниката. Во меѓувреме жената е лишена од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, потврдуваат од СВР Велес. -Полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица.- Ана Милевска Ѓеоргиева – СВР Велес Во тек е истрага за да се утврдат сите околности под кои дошло до нападот, по што ќе биде донесена одлука за натамошната постапка, а по целосно расчистување и документирање, против жената ќе биде поднесена кривична пријава за „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик кој предвидува затвор од најмалку 10 години или доживотно. Од СВР Велес за Канал 5 потврдија дека претходно имало регистриран инцидент помеѓу мажот и жената. Лани во декември во угостителски објект сега повредениот и се заканувал на партнерката која сега му забила нож во градите, а тогаш тој завршил во полициска станица поради сомнежи за сторено дело „загрозување на сигурноста“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook