Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамВидео: Бугати подготвува спектакл: По 20 години, го враќа култниот болидТочно 20 години по премиерата, Бугати веројатно ќе претстави уште еден уникатен модел.Кога пристигна пред две децении, Вејронот означи пресвртница во автомобилската историја. Тоа е моделот што ги промени правилата во светот на хиперавтомобилите, а сега би можел да се обнови. Тоа би бил еден вид почит, создаден како уникатен модел од програмата Solitaire. Наводниот датум на претставување е 22 јануари, точно 20 години по оригиналното лансирање. Дизајнот би можел да биде скоро идентичен со оригиналниот Veyron од 2005 година во црвена, црна и беж боја. Програмата на „Bugatti“, наречена „Solitaire“, ги привлече насловните страници минатиот септември со откривањето на „Brouillard“ со W16 мотор, уникатен хиперавтомобил инспириран од Mistral. Како прво возило во програмата, тоа го постави тонот за она што би можело да стане цела серија екстремно ексклузивни модели. „Bugatti“ веќе потврди дека програмата „Solitaire“ ќе произведува максимум два единствени модели годишно. Секој ќе биде базиран на постоечка шасија и погонски склопови, што дава појасна рамка за шпекулации за тоа како би можел да изгледа „новиот Veyron“. Со оглед на овие ограничувања, се чини веројатно дека основата ќе биде изведена од Chiron, особено затоа што тој модел може да смести 8,0-литарски W16 квадтурбо мотор способен да развие до 1.600 КС. Исто така е можно автомобилот да ја вгради оригиналната платформа на Veyron, која би била темелно реконструирана и модернизирана со нови компоненти. И двата пристапи се вклопуваат во филозофијата на Bugatti за ексклузивност, иако е речиси сигурно дека конечниот резултат ќе има астрономски висока цена. Вејронот означи пресвртница не само за Бугати, туку и за автомобилската индустрија како целина. Влезе во сериско производство во 2005 година, по години објавување на концепти, остварувајќи ја големата визија на Фердинанд Пих - хиперавтомобил кој ќе биде најбрз во светот, но без да се жртвува удобноста, сигурноста и, секако, луксузот. Донесе неколку светски премиери во сериско производство, меѓу кои се издвојува фактот дека стана првиот патнички автомобил со 1.000 коњски сили и можност за надминување на 400 км/ч. Во текот на десетгодишното производство, Бугати направи 450 примероци во различни верзии. Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter