Видео: Бред Пит платил 100.000 фунти за да го забави стареењето?! - Канал 5

Видео: Бред Пит платил 100.000 фунти за да го забави стареењето?!

Естетдски хирург тврди дека 60 годишниот холивудски заводник Бред Пит направил естетски зафат со кој се забавува стареењето.

Видео: Бред Пит платил 100.000 фунти за да го забави стареењето?!

Многумина не веруваат колку добро старее мегапопуларниот актер и заводник Бред Пит .

Еден естетски хирург истакнува дека за тоа е заслужен лифтинг.

Естетскиот хирург д-р Џони Бетериџ во едно од своите видеа го „прозва“ и Бред Пит, посочувајќи дека постојат докази дека актерот имал операција која чини повеќе од 100.000 фунти, со период на опоравување од два до три месеци. Бред лично никогаш не открил дали некогаш отишол „под нож“, но д-р Џони вели дека направил „лифтинг на лицето“.

Лекарот ги спореди фотографиите на холивудската ѕвезда од Оскарите во 2020 година и минатиот јули, кога Бред седеше во ложата на Грен слемот во Вимблдон.

- Ова беше тој пред четири години и можете да ги видите нормалните знаци на стареење, имено борите и губење на волуменот на средината на лицето, како и опуштеност на кожата на долниот дел на лицето. Сепак, погледнете ја промената неколку години подоцна, а пред се контурата на долниот дел од лицето, што е навистина впечатливо – изјави докторот.

Докторот тврди дека всушност, увото на Бред го открива „ fejslifting". “.

- Во текот на процедурата се крева кожата околу ушната ресичка, што може да го промени обликот и положбата на ушите. Со овој потег Бред за малку ќе го врати времето назад – рекол докторот.

Изгледот на Бред Пит стана енигма за многумина.

- Луѓето не можат да поверуваат дека тој изгледа толку добро на 60 години. Гледајќи ги сликите што ги објавив, може да се забележи голема промена и затоа се сомневам во лифтинг на лицето. Што се однесува до назолабијалните брчки, тие може да се поправат со нехируршки методи - додаде тој.

MailOnline контактираше со неговиот оддел за односи со јавноста и извор близок до Бред ги негираше тврдењата дека тој бил опериран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј.

Согласно договорот, учениците од основните училишта во Карпош во текот на учебната 2026/2027 година ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки. Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и природното наследство, но и наставните содржини да се изучуваат на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современо образование и создавање нови можности за учење и развој на најмладите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL.

Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина.

При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL.

Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер