3ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Шоу бизВидео: Бред Пит падна на снимањеПознатиот актер на Холивуд, Бред Пит престојува во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1, а во оваа продукција ја толкува една од главните улоги, Сони Хејс. На социјалните мрежи се појавија снимки од снимањето. Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во болидот „APX GP“, по што излегува од возилото и паѓа во несвест. Rip Brad Pitt from another angle. Wtf🤯pic.twitter.com/gjmHJxzOjb — Marc🏎 (@433_marc) November 23, 2024 Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат. Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа предводена од Бред Пит. Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа му помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт. Извор: АвазКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
АвтомобилизамПристигнува новата Серија 3! „BMW“ го објавува датумот на премиератаНовата „BMW“ Серија 3 пристигнува на 30 септември. Откриени се првите детали.На 30 септември во Европа (или вечерта на 29 септември по американско време), „BMW“ ќе ја претстави сосема новата Серија 3, опремена со традиционални мотори со внатрешно согорување. По електричниот модел „i3“, ова ќе биде вториот модел што ќе го прифати новиот дизајнерски правец „Neue Klasse“. Новата Серија 3 ќе изгледа значително поинаку од актуелната генерација. „BMW“ се откажува од преголемите предни решетки во форма на бубрези во корист на потенки и пошироки отвори кои визуелно се прелеваат во предните светла. Предните светла ќе имаат по две дијагонални ленти за дневно осветлување, слично како кај новиот „i3“. Задниот дел исто така ќе црпи инспирација од електричниот модел, со слични „LED“ задни светла, капак на багажникот и дифузер. Сепак, Серијата 3 со мотор со внатрешно согорување ќе има подолг преден дел од електричната верзија, поголем заден дел и поконвенционално ветробранско стакло. Сосема нова кабина Ентериерот претставува голема промена. Новата Серија 3 ќе го вклучува системот „BMW Panoramic iDrive“ и централен дисплеј поставен под агол, следејќи го примерот на моделите „iX3“, „i3“ и новата генерација на „X5“. За разлика од електричниот „i3“, новата Серија 3 нема да ја користи механичката платформа „Neue Klasse“. Наместо тоа, „BMW“ ќе користи надградена верзија на постоечката архитектура „CLAR“. „M350 xDrive“ со 443 КС „BMW“ исто така го најави моделот „M350 xDrive“, кој ќе го замени актуелниот „M340i xDrive“. Тој ќе биде придвижуван од 3,0-литарски турбо-мотор со шест цилиндри во линија, опремен со 48-волтен „благ“ хибриден систем. View this post on Instagram A post shared by BMW Group (@bmwgroup) Ќе испорачува 443 КС и 580 Nm вртежен момент, во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала. Системот ќе вклучува и режим на погон на задните тркала наречен „Drift Moment“. Планирани се и нови генерации на моделите „M3“ и „M4“, иако нивното пристигнување се очекува дури во 2028, односно 2030 година. Се очекува испораките на новата „Серија 3“ до купувачите да започнат во 2027 година.Тагови: BMW Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтерјовски на Самитот за мир во Тирана: „Нашите идентитети треба да бидат мостови, а не ѕидови“Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“.На меѓународниот собир, Стерјовски се обрати како претседател на МАЕИ и политички претставник на македонската заедница во Албанија, истакнувајќи дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество која треба да се зачува и да се пренесе на идните генерации. Во своето обраќање, Стерјовски нагласи дека Албанија претставува значаен пример за соживот меѓу припадниците на различни верски заедници. „Овде, луѓето од различни вероисповеди живееле рамо до рамо, ги делеле радостите и тешкотиите, граделе семејства, заедници и заедничко општество. Овде научивме дека различноста не е закана, туку богатство“, истакна Стерјовски. Говорејќи за македонската заедница во Албанија, тој посочи дека Македонците со векови живеат во хармонија со албанскиот народ и активно придонесуваат во општествениот, културниот, образовниот и јавниот живот на земјата. Посебно го издвои примерот на големиот писател Стерјо Спасе, со македонско потекло, кој преку своето творештво оставил значаен белег во албанската литература. „Ова е пораката што сакаме да ја пренесеме: нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“, порача Стерјовски. Во продолжение на своето излагање, претседателот на МАЕИ говореше и за важноста од зачувувањето на мирот и меѓуверскиот и меѓуетничкиот соживот. Тој истакна дека мирот и соживотот не се дадени еднаш засекогаш, туку бараат постојана грижа, дијалог и одговорност. Стерјовски предупреди дека политичките, националистичките и геополитичките интереси можат да придонесат кон создавање недоверба меѓу заедниците, нагласувајќи дека на обидите за инструментализација на етничкиот и верскиот идентитет треба да се одговори со дијалог, транспарентност, меѓусебна почит и зајакнување на демократските институции. „Ние веруваме во Албанија каде црквата и џамијата не се гледаат како симболи на поделба, туку како дел од еден заеднички општествен мозаик“, истакна тој. Во својот говор Стерјовски се осврна и на европската иднина на Албанија, нагласувајќи дека Европската Унија претставува заедничка иднина и простор на мир, правда, човекови права и почитување на различностите. Тој порача дека МАЕИ силно ги поддржува европските и евроатлантските интеграции на Албанија и изрази надеж дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија ќе заврши што е можно поскоро, со поддршка од европските и американските партнери. Меѓународниот самит во Тирана беше посветен на промовирањето на мирот, меѓуверскиот дијалог и почитувањето на верската и етничката разновидност како основа за стабилно и демократско општество.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПовеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евраПолицијата спроведе рации во 19 европски земји поради сомневања за измама со мобилни телефони продавани преку интернет, со која е предизвикана штета проценета на околу 300 милиони евра, соопштија обвинителите на ЕУ.Европското јавно обвинителство (EPPO) наведе дека криминални организации продале повеќе од милион користени мобилни телефони претставувајќи ги како нови, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторникот. Од саботата, низ Европа се спроведени повеќе од 160 претреси, што резултираше со апсење на седум осомничени лица во Австрија, Германија и Шпанија – вклучително и двајца водачи на организацијата – извести EPPO. Според извештаите, измамата предизвикала и загуба на приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ поголем од 30 милиони евра за неколку земји од ЕУ. Азвор: АвазТагови: ЕУ мобилни телефони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09