1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
НБАВидео: Бостон на чекор до историја по третиот успех во низа над Мајами за израмнување на 3-3 Кошаркарите на Бостон со кош со звукот на сирената изборија „мајсторка“ во финалето на Источната конференција во НБА лигата против мајами. Кошаркарите на Бостон во шестиот натпревар како гости го поведија тимот на Мајами со 104-103, а победничкиот кош со звукот на сирената вреден мајсторка во финалето на Истокот го постигна Дерик Вајт. DERRICK WHITE BUZZER BEATER FOR THE WIN 🔥🔥🔥 CELTICS SEND IT TO GAME 7. pic.twitter.com/F8bw9aYpme — Bleacher Report (@BleacherReport) May 28, 2023 Бостон со овој триумф израмни во серијата на 3-3 и во седмиот натпревар пред своите гледачи ќе има шанса да стане прва екипа во историјата на НБА лигата која победила во плејоф серијата по негатива од 0-3. Покрај Вајт, голема заслуга за триумфот на Бостон имаа и Џејсон Тејтум со 31 и Џајлен Браун со 26 поени, иако обајцата не успеаја да погодат ниту една тројка од 12 обиди. Решавачкиот седми натпревар е на програмата во Бостон во ноќта меѓу понеделник и вторник во 02:30 часот по средноевропско време. Победникот ќе игра во големото финале за шампионската титула против Денвер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во ОхридОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСкопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“Над 2.900 танчери пристигнуваат во Скопје – од 21 до 29 септември Т-Арена во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на еден од најголемите танцови настани во ЕвропаСо прес-конференција и атрактивен танцов спектакл во срцето на градот, вчера официјално беше најавено IDO European Dance Championship 2026 – Skopje, кое од 21 до 29 септември ќе се одржува во Т-Арена, во рамките на СЦ „Борис Трајковски“. Европското првенство во Скопје ќе собере повеќе од 2.900 танчери од повеќе европски земји, кои во текот на девет натпреварувачки дена ќе настапуваат во повеќе танцови дисциплини и категории. Заедно со натпреварувачите, во Скопје ќе пристигнат и нивните тренери, претставници на танцови федерации, семејства и поддржувачи. На вчерашната прес-конференција, деталите за организацијата, програмата и значењето на првенството ги претставија Трајче Петковски, организатор на настанот, и Данијел Апостоловски, директор на СЦ „Борис Трајковски“. Беше истакнато дека организацијата на настан од ваков меѓународен ранг претставува значаен спортски и културен момент за Скопје, но истовремено придонесува и за туристичката и економската активност во градот. Илјадниците учесници и гости кои ќе престојуваат во Скопје во текот на првенството дополнително ќе придонесат градот да живее во знакот на танцот, младоста и меѓународната културна размена. Прес-конференцијата заврши на несекојдневен и впечатлив начин – со спектакуларен флешмоб, во кој танчери го претворија центарот на Скопје во отворена танцова сцена и на најдобар начин ја најавија енергијата што ќе го одбележи градот во следните денови. ДЕВЕТ ДЕНА ВРВЕН ЕВРОПСКИ ТАНЦ ВО СКОПЈЕ Од 21 септември, вниманието на европската танцова сцена ќе биде насочено кон Скопје. Т-Арена во СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува да пречека илјадници натпреварувачи и посетители, со професионална продукција, сценско осветлување, LED-екрани и целосна инфраструктура неопходна за реализација на натпреварување од европски ранг. Првенството ќе ѝ овозможи на македонската публика во живо да проследи врвни танцови изведби, кореографии и натпреварувачи од реномирани европски танцови школи и федерации, во повеќе дисциплини и возрасни категории. Посебен сегмент од програмата ќе биде Парадата на нациите, која ќе се одржи на 25 септември во 14:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на парадата ќе бидат претставени сите земји и учесници на првенството, во свечен формат кој ги промовира пријателството, меѓусебната почит, културната размена и заедништвото. На Парадата на нациите е предвидено присуство и на високи државни претставници, дипломатски делегации и амбасадори, со што овој сегмент добива дополнително протоколарно и меѓународно значење. Во текот на деветте дена од првенството се очекува низ СЦ „Борис Трајковски“ да поминат илјадници посетители, со што Скопје во последната недела од септември ќе живее во ритамот на европскиот танц. Дневните влезници за публика, по цена од 1.200 денари, ќе бидат достапни на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“. Со IDO European Dance Championship 2026, Скопје добива уште една можност да се претстави како домаќин на голем меѓународен настан и како град во кој на едно место се спојуваат спортот, уметноста, културата, младинската енергија и меѓународното пријателство. Од 21 до 29 септември – Скопје танцува со Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Путин гласаше преку интернет на изборите во Русија, видеото стана хит.Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал онлајн на изборите за новиот состав на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент. Гласањето започна вчера и трае до недела, а се избираат сите 450 пратеници. Ова се првите парламентарни избори во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Право на глас имаат повеќе од 111 милиони гласачи, а овозможено е и електронско гласање, пренесува АП. Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин седи пред компјутер во својата канцеларија и го спроведува процесот на електронско гласање. Тој се приближи до мониторот, неколку моменти внимателно гледаше во екранот и кликна со глувчето. Видеото од неговото гласање набрзо се прошири на социјалните мрежи. Откако на екранот се појави потврдата дека успешно гласал, Путин рече „ви благодарам“. State news agency TASS has posted this clip of Putin voting online in the Russian parliamentary election https://t.co/bdkATMFy63 — Francis Scarr (@francis_scarr) September 18, 2026 Видеото од гласањето на Путин брзо стана хит на социјалните мрежи. Многумина забележаа дека тој многу се приближил до мониторот и ги стеснувал очите додека читал од екранот, па некои почнаа да се шегуваат дека му требаат очила.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter