Видео: Бекот на Мајами Хиро најдобар „тројкаш“ на ОЛ стар Викеднов во НБА - Канал 5

Видео: Бекот на Мајами Хиро најдобар „тројкаш“ на ОЛ стар Викеднов во НБА

Кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање тројки на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.

Видео: Бекот на Мајами Хиро најдобар „тројкаш“ на ОЛ стар Викеднов во НБА

Бекот на жешките со многу мака се пласираше во финалето во натпреварот во шутирање тројки, каде беше подобар од Бади Хилд и Дариус Гарланд.

Слаб и лош ден имаше двојниот победник во ова натпреварување Демијан Лилард, тој не успеа да го помине ниту првото коло.

Хиро до финалето стигна со скромни 19 поени, а во најважните моменти успеа да погоди две зелени топки кои вредат три поени и триумфираше со конечните 24.

YouTube video

-Имав среќа“, изјави Хиро по натпреварот.

Хилд во првото коло се истакна со 31 поен, но во финалето застана на 23, па мораше да се задоволи со второто место.

Покрај овие тројца и Лилард, учествуваа и Џејлен Брунсон (Њу Јорк), Кејн Канингем (Детроит), Кем Џонсон (Бруклин) и Норман Пауел (ЛА Клиперс).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. 

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре и задутре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 25. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за четврток 25. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 25. јуни 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Навиката е работа што може да биде добра или лоша. Немојте да се навикнувате на осаменоста , зашто овој период набргу ќе помине.

Кариера

Денеска би можело да се случи оној ,,клик” , кога сите работи си доаѓаат на своето место.

Здравје и совет

Во одлична форма сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат нагли и непромислени. Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

По прашање на стручноста ќе нема никакви колебања и вие ќе делуварте професионално според вашите знаења.

Здравје и совет

Понекогаш сте премногу сигурни во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се обидете да најдете една стара тема во односот со саканата личност, таа малку ќе ве вознемири , но врската и натаму ви е добра.

Кариера

Цело време нешто ве принудува да одите некаде , но од својата кожа не се може. Истото важи и за работните задачи кои ви се дадени.

Здравје и совет

Продолжете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можна е заедничка вечера , на која по кој знае кој пат ќе почуствувате дека љубовта оди низ желудникот. Ќе ви биде убаво.

Кариера

Се што ќе работите денеска , ќе содржи јасна порака дека вашето влијание е неприкосновено. Со задоволство ќе соработуваат.

Здравје и совет

Со сите сили почнете да штедите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и во уживање во неа. Другата страна ќе ви враќа со љубов и тука е среќата.

Кариера

Меѓу работата и љубовта , ќе ги изберете и двете. Денеска е таков ден што ќе споите едно со друго. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Здравје и совет

Свртете се кон интроспекција.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска веројатно ќе ве окупира пријател или пријателка , која ќе ве поттикне на нова фаза на личните односи.

Кариера

Оние кои имаат таква работа , на која се во движење , денеска ќе уживаат во секој момент. Другите ќе имаат потреба за движење и за зајакнување на контактите.

Здравје и совет

Поинтересни сте од повеќето. Искористете го тоа.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некои би можеле да склопат познанство со личност која е постара од нив. Ќе ви упати конструктивна критика.

Кариера

Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете се повеќе и подобро. Затоа знаете дека резултатите нема да изостанат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Непобитен факт е дека сте голем заводник/заводничка и денеска повторно ќес е покажете на дело. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Она поради што неодамна се расправавте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје и совет

Ќе бидете заплеткани во големо друштво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку не сте задоволни од состојбата , денот е добар за привремено повлекување во самотија.

Кариера

Можни се мали проблеми со младите лица на работното место. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажуваат размазеност.

Здравје и совет

Ќе дојдат вашите пет минути.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се што ќе се случува денеска , ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Веројатен е трошок , на кој не сте сметале ни вие ниту вашите соработници. Ќе се снаоѓате некако со моментално решение.

Здравје и совет

Бидете горди на своите дела.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Скриено или отворено , вие ќе настојувате да дојдете до љубов. Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе , на кои секогаш може да сметате.

Кариера

Кога станува збор за деловни контакти и договори ,. ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин.

Здравје и совет

Проширете си ги хоризонтите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пријатни сте за околината , ве ценат и сакаат , зрачите со самодоверба. Сите тие се добитни комбинации за љубов.

Кариера

Пари и комуникации ќе бидат главно обележје на денот. Главно добро ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Чувајте се од провев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тимчо Муцунски вечерва во „Само Интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Тимчо Муцунски вечерва во „Само Интервју“

Влегува ли Македонија во нова фаза на меѓусоседски политички премрежија?

Случаен или намерен е инцидентот со протекувањето информации за семејството на Премиерот од Софија? Кој и зошто сега одлучи да го крши меѓународното право?

Mоже ли да бидеме реални оптимисти или се подготвуваме за долг престој во чекалната?

На повидок ли е решение за редиците на граничните премини?

Кој ќе ја „преживее“ владината реконструкција, а кои ресори ќе се ротираат?

Кој посакува предвремени избори, а кој има ноќна мора?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју, гостува министерот за надворешни, Тимчо Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер