Видео: Бекот Ентони Едвардс избран од првата позиција на НБА драфтот - Канал 5

Видео: Бекот Ентони Едвардс избран од првата позиција на НБА драфтот

Без поголеми изненадувања утрово се оддржа традиционалниот НБА драфт.

Видео: Бекот Ентони Едвардс избран од првата позиција на НБА драфтот

Од првата позиција на драфтот бираше тимот на Минесота. Тимбервулси како прв пик го избраа експлозивниот бек Ентони Едвардс . Од него во иднина се очекува да биде еден од водечките стрелци во најсилното светско првенство.

YouTube video

Голден Стејт го имаше вториот избор на драфтот, Вориорси се одлучија тимот да го засилат со силниот и висок центар Џејмс Вајзмен.

YouTube video

Од високото трето место Шарлот Хорнетс го драфтуваше „третиот“ од браќата Бол Ламело.

YouTube video

На годинешниот драфт повторно се појавија неколку кошаркари од Балканот.

YouTube video

Синот на легендарниот кошаркар на Црвена Ѕвезда Зифер Авдија, Дени Авдија кој настапува за репрезентацијата на Израел како деветти пик заврши во таборот на Вашингтон. Дени Авдија пред овој НБА драфт се подготвуваше во школата во која работи македонскиот тренер во САД Ефтим Богоев.

YouTube video

Наследникот на Тони Кукоч , 18 годишниот Србин Алексеј Покушевски кој досега играше во грчки Олимпијакос следната сезона се сели во НБА во екипата на Оклахома која го избра од 17 позиција.

YouTube video

Црногорецот Марко Симоновиќ како 44 пик заврши во редовите на Чикаго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите се врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Младите се врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, образованието добива рекордни инвестиции и поголем буџет за поддршка на младите

Младите се врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДС и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември.

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.

Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.

Стручното образование е унапредено, а дуалното системски уредено и регулирано со закон. Вклучени се 1000 компании во практична подготовка на учениците и отворени се 7 регионални центри за стручно образование и обука, а наскоро ќе се отвори и осмиот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ драстично ја зголеми поддршката за учениците со посебни образовни потреби, ангажирајќи 1350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 во средното образование.

За да ги поддржиме младите кои сакаат да одат по патот на науката, и да ги задржиме тука, ги изменивме условите за стипендирање на студии на најдобрите 100 светски универзитети.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти.

Тоа што Македонија забрзува СДС, ДУИ и Левица ги прави несреќни, но тоа е концепт кој го подржуваат граѓаните и се додека е така Македонија ќе оди напред.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во н.м Мралино

Општина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината.

Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во н.м Мралино

Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот.

Предвидено е поставување нови ПВЦ врати и прозорци, поставување нови плочки на надворешните скали и терасата, како и поставување на заштитна ограда.

Градежните активности опфаќаат и санација на фасадата. А во внатрешноста на објектот ќе се изведе поставување гипс-картон со глетување и молерисување на ѕидните површини, како и целосно внатрешно осветлување, со што просториите ќе добијат современ и функционален изглед.

При увидот на објектот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека обновата на домовите на култура има за цел да придонесе за развој на културниот живот во локалните заедници, обезбедувајќи современи простори за културни настани, дружење и активно учество на граѓаните.

Финансиските средства за реконструкција на домовите на култура се обезбедени од буџетот на Општина Илинден, при што во изминатиот период беа реконструирни домовите на култура во Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите домови на култура на територија на општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем

Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока.

Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која претседаваше со Комитетот за управување со Националниот Едношалтерски Систем.

На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на Договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.

Според Договорот, избраниот Конзорциуми има обврска до крај на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.

Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем.

Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa и овој Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер