Видео: Барселона на домашен терен 19/19, овации и солзи за Левандовски - Канал 5

Видео: Барселона на домашен терен 19/19, овации и солзи за Левандовски

Старо-новиот шампион на Шпанија,  фудбалерите на Барселона го победија Бетис со 3:1 во последниот натпревар пред своите навивачи сезонава.

Видео: Барселона на домашен терен 19/19, овации и солзи за Левандовски

Ова беше 19-та победа на Каталонците во 19-от натпревар пред своите навивачи во сезоната што завршува следниот викенд.

Двоен стрелец беше Рафиња, еден гол даде Кансело, но централна фигура на натпреварот, без сомнение, беше напаѓачот во заминување, легендарниот Роберт Левандовски, кој го одигра последниот натпревар (на Камп Ноу) за славниот тим.

За жал, популарниот Лева прошталниот натпревар не заврши со гол, но тој сигурно си заминува како еден од најпродуктивните стрелци што каталонските гиганти некогаш ги имале во своите редови.

Лева постигна 119 гола на 192 натпревари откако пристигна во клубот пред четири сезони.

Предводникот на Барса, Ханси Флик му направи чест на Левандовски и го замени во финишот на мечот по што извонредниот Полјакот доби стоечки овации од целиот стадион што предизвика солзи во неговите очи.

На крајот од натпреварот, тој заврши во рацете на своите соиграчи.

И неговиот соиграч Рафиња покажа почит, подавајќи му ја капитенската лента. Еден од најдобрите стрелци на сите времиња со тоа затвори уште едно спектакуларно поглавје во својата кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. 

Нема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. На прес конференцијата во Владата, на која присуствуваа министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, директорот на СОЗР Ивица Томовски, не беа соопштени резултатите од направените анализи. Како што истакнаа Клековски и Андоновска, тие биле побарани од ОЈО, и ако дозволат од обвинителството тие ќе ги соопштат резултатите.

На прашање на новинарите во прес центарот на Владата, какви се резултатите, Клековски истакна дека доколку добие дозвола од ОЈО, ќе ги соопшти резултатите.

Од друга страна од Обвинителството се уште нема никакви информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Велес станува подобро место за живеење.

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството.

„Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот кој го имаме со Светска банка инвестира околу 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме започнување на работа на две улици, а една е веќе завршена и драго ми е што преку соработката која што ја имаме со Светска банка веќе се завршени 3 проекти, во вредност од половина милион евра, а тоа се: ул. "8-ми Мај", "Љубљанска" и "Луи Пастер", и исто така во скоро време беше завршена и зградата, каде што има социјални станови.“, изјави Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и пратениците, а преку координацијата што ја прави Премиерот да обезбедиме уште повеќе проекти кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните“, порача Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот билборд на влезот во градот.

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Граѓаните имаат право да знаат:

• Како оваа фирма ја добила работата?

• Дали е спроведена јавна набавка?

• Колку е платено за графичкото решение и за поставувањето на билбордот?

• Дали Град Скопје плаќа за AI-генериран срам?

Исто така, градоначалникот треба да открие колку тендери досега добила оваа фирма и кој стои зад неа.

Според правилата за јавни набавки, за лошо извршена работа се издава негативна референца, која носи исклучување од учество во јавни набавки од 1 до 5 години.

Досега нема информација дали на оваа фирма ѝ е издадена негативна референца или пак ќе продолжи да добива пари од буџетот на Град Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не смее да крие информации за трошење на јавни пари.

Граѓаните на Скопје заслужуваат одговори, а не молк и прикривање, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер