Видео: Автопатот на ужасот - родители си ги подведуваат децата за десет долари

Бразилскиот автопат BR-116, кој се протега на должината од 4.000 километри и низ еден од најсиромашните делови на Бразил, води од Рио де Женеиро кон Форталеза, е на зол глас.

На секои десетина километри од овој автопат можат да се најдат деца кои се проституираат и за помалку од десет долари. Муштериите, најчесто се камионџии, а услугите, неретко, ги нудат девојчиња не постари од девет или десет години. Скромниот надомест им овозможува да си купат храна за наредниот ден и да го исплатат подведувачот, кој често е нивниот родител.

- Кога ќе свршат, ме исфрлуваат од кабината. Некогаш ме пуштаат да се симнем, а некогаш само ме фрлаат на бетонот. Но, секогаш успевам да ги земам парите. Им наплатувам по 25 реали(12 долари) – раскажува 11-годишна Лејла покажувајќи ги изгребаните и модри раце.

По трага на приказната на Лејла, британскиот новинар Мет Ропер ја истражил судбината за заборавените деца покрај автопатот. Се покажало дека, иако искусен, ниту оддалеку не бил подготвен за онаа што го открил.

- Очекував нешто шокантно, алармантно, но не и ова што го видов. Тоа е вистинска епидемија на детската проституција на која се принудени илјадници девојчиња. Приказните се страотни, а девојчињата се толку ранливи, незаштитени и само. Душата ме болеше – кажал Ропер, кој за своите сознанија ја информирал и бразилската влада.

Според УНИЦЕФ, на проституцијата во Бразил се принудени околу 250.000 деца, а тамошната полиција традиционално е флексибилна кон оваа појава која вниманието на светската јавност го привлече со подготовките за Олимпијадата.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во рамките на посетата на СВР Струмица, учествуваше во превентивните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“, кои се реализираа во општинскиот центар Босилово.

Според Тошковски, со вакви превентивни акции може да се делува на намалување на несреќите.

-Се надевам дека во иднина ќе имаме помалку несреќи и барем ќе се воздржуваме од управување на моторно возило под дејство на алкохол и ќе го управуваме возилото според сите правила и стандарди за користење на истото, рече техничкиот министер за внатрешни работи.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека во изминатите два месеци се зголемени кражбите и има пораст на криминалитетот и дека со неговото доаѓање на чело на МВР работите не одат на подобро, Тошковски одговори дека вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор, бидејќи овие изјави се несериозни и тој не сака да ги коментира.

-Да видиме дали ќе бидат доблесни да се нормализира комуникацијата со јавноста или ќе се продолжи со вакви бесрамни потези, кадешто буквално македонскиот народ се смее на тоа што го терат долго време како приказна.Дајте да завршиме со вакви паушални обвинувања. Дајте да завршиме со фрлање на пердуви насекаде без никаква основа и да се фатиме за работа и да направиме држава каква што треба. Доста е веќе со голи политики и политаканство и со лажење на народот, рече Тошковски.

Тој денеска го посети и пунктот за издавање на лични документи во Полициското одделение во Ново Село.

Национална конвенција за ЕУ: Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на КЗ

Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на Кривичниот законик, препорачуваат од Националната конвенција за ЕУ во Македонија. 

Експресните измени донесени со европско знаменце од лани не се на иста линија со политиките на ЕУ, велат оттаму, со оглед на тоа што предлог директивата од Брисел предвидувала повисоки казни за кривичните дела поврзани со корупција. Препорачуваат и враќање на избришаниот став за злоупотреби при јавните набавки.

-Со оглед на тоа што е дел од таа минимална листа не треба да имаме дилеми дека тоа ќе опстојува и во иднина. И во поглед на предложените казни во однос на нивната висина тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот КЗ особено тие се намалија кај делото злоупотреба на службената положба и овластување со измените на КЗ од септември 2023 година,- изјави – Александра Деаноска – Трендафилова – Универзитетски професор.

Иако работна група во МП подготвува целосно нов Кривичен законик во кој ќе биде вратен избришаниот став, од Националната конвенција сметаат дека оваа процедура ќе се одолговлече. Во меѓувреме Македонија не треба да губи време на својот евроинтегративен пат, вели главниот преговарач во тимот на Хрватска споделувајќи го хравтското искуство во процесот на пристапување кон Унијата.

-Ако Македонија се инспирира од она што ние (Хрватска) позитивно го сработивме може да го фати забрзаниот пат. За мене клучни се визијата, политичката одлучност на политичките елити во Македонија, консензус на клучните чинители дека тоа навистина се сака како би се навистина спровеле тешки реформи а тука доаѓаме до тоа да се биде способен да се донесат тешки одлуки, односно да не се избегнува носењето на одлуките,- изјави – Кристиан Туркаљ – Правен експерт за Западен Балкан, Р. Хрватска.

Со измените на КЗ лани во септември пратениците ги намалија пропишаните казни за неколку кривични дела, и воведоа горна граница на максималната казна, што заедно со избришаниот став доведе до застарување на неколку дела. Веднаш потоа и Извештајот на ЕК за напредокот на земјава нотираше загриженост околу овие измени но и посочи на несоодветна употреба на европското знаменце.

притисни ентер