ЗабаваВидео: 83-годишник глумел во спот на Тејлор Свифт без да знае која е тааНемав поим која е таа, вели 83-годишен Британец кој учествувал во видеоспотот „Опалит“ на Тејлор Свифт. Бари Рејнолдс (83) од Кент учествува во спотот во кој настапуваат и повеќе познати личности, меѓу нив пејачот Луис Капалди и ирскиот актер Домнал Глисон. Тој изјавил дека неговите внуки биле „многу изненадени“ кога дознале дека ќе се појави во спотот, но признал дека во тој момент немал претстава за кого станува збор. Тој редовно настапува со театарската трупа „ Свети Никола“ („Saint Nicholas Players“) во Рингволд, а ангажманот за видеото го добил преку агенција за актери и модели. -Ми рекоа дека треба да бидам во северен Лондон во седум часот наутро. Им одговорив дека нема возови, па ми испратија такси, изјавил тој за Еј-Би-Си. Рејнолдс додал дека за Свифт дознал дури откако во весник прочитал за нејзината турнеја, непосредно пред снимањето. Спотот за „Опалит“ е инспириран од естетиката на 80-тите години и прикажува приказна за осамена жена која со помош на магичен спреј се обидува да го подобри својот живот и да пронајде љубов. Ликот на нејзиниот партнер го толкува Глисон, а Рејнолдс се појавува во улога на судија на танцово натпреварување. Според него, иако ја оценил со нула, песната била мошне заразна. Тој ја опишал Свифт како „многу мила и сочувствителна“, нагласувајќи дека разговарала со сите учесници, иако обезбедувањето било исклучително строго. Во спотот се појавуваат и водителот Греам Нортон и актерот Килиан Мерфи кој го позајмува гласот зад кадарот. Дел од сцените се снимени во Кројдон. „Опалит“ е втора песна од 12-тиот студиски албум на Свифт („The Life Of A Showgirl“), кој минатата година беше најпродаван албум во Обединетото Кралство.Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа. Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и ФилипчеСДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter