3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
БизарноВидел паркирани луксузни автомобили на својот имот- следувала казна (ВИДЕО)Неодамна, во Езерскиот округ во северозападна Англија, е забележан бизарен инцидент, кој привлече внимание од јавноста.Сè започнало кога неименуван земјоделец пронашол неколку автомобили паркирани на неговата земја, и покрај истакнатото предупредување дека тоа е строго забрането, објавува LadBible „Не можам да го обвинам“ Сопственикот на земјиштето тврди дека претходно поставил знак: „Ве молам, не паркирајте на полето“. Сепак, голем број возачи го игнорирале предупредувањето, оставајќи ги своите возила на приватно земјоделско земјиште. Недолго потоа, била снимена бизарна сцена. Друг земјоделец од гореспоменатата област, на возраст од 25 години, снимил паркирани луксузни автомобили покриени со нешто што изгледало како арско ѓубре. „Не можам да го обвинам. Возачите го игнорирале знакот и намерно паркирале на полето, па затоа реакцијата е разбирлива“, рече земјоделецот. Повикана е полиција Тој додава дека сцената сигурно била непријатна за сопствениците на автомобили. „Замислете да се враќате од прошетка и да го најдете вашиот автомобил покриен со ѓубре. Ужасно е, но тие самите го предизвикале. Всушност, тоа делува како предупредување и еден вид правда“, рече тој. Полицијата, исто така, проговори за инцидентот, предупредувајќи ги возачите да ги почитуваат сообраќајните правила. „Доколку паркирате некаде, проверете дали е во согласност со прописите и на места што нема да го блокираат сообраќајот - особено возилата за итни случаи што мора да имаат пристап“, соопштија властите. Портпаролот на полицијата додаде дека на 25 мај во 22 часот добиле пријава за возила наводно испрскани со „сомнителна земјоделска супстанца“ и дека се спроведуваат дополнителни проверки за да се утврдат сите околности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Сериозна држава со празен фрижидер и нов авионТретата економија во Европа нема за плата, има за авион.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека. Сериозна држава, според нив, не се мери со чешма, со болница и со плата. Се мери со нов авион. Мицкоски сега сакаат нов авион. Затоа што шест седишта од 2024 им се тесни. Затоа што седиштето 11Д повторно ја отвори темата. Затоа што со саат од 65.000 евра не оди половен авион. Оди нов. И затоа што Вучиќ има нов, а Мицкоски не може на екскурзија да се срами со помал и постар. Минималната плата нека почека. Потрошувачката кошница нека почека. Дизелот од 100 денари нека почека. Земјоделецот со срамни 40 денари за пиперка нека почека. Анализите за водата во Гостивар нека почекаат. ПЕТ-скенерот нека почека. Авионот не може да чека. Тоа се најбрзо растечките плати. Тоа е најповолната кошница. Тоа е трета економија во Европа. Колената ги болеле од клечење, па сега мора летаат. За ЕУ, велат, за инвеститори (а инвестициите намалени за повеќе од 60%), за да не се губи време на редовни линии. Време имаа за одмор додека Гостивар се труеше. Време немаат да седат во економска класа. Сериозна држава прво ја објавува водата и ја обезбедува за сите граѓани, ја плаќа минималната плата од 600 евра, го поправа ПЕЅ скенерот и не слави додека 5.000 луѓе биле во болница. Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните Пари за авион има. За живот нема. Тоа е целата програма. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРоналдињо се враќа во фудбалот, ќе игра во италијанската трета лига-Во форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол!Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Бразилец Роналдињо се врати во професионалниот фудбал на 46-годишна возраст и официјално потпиша за Равена, член на италијанската Серија Ц. Италијанскиот клуб подготви свечено претставување за освојувачот на „Златната топка“ од 2005 година и светски шампион со Бразил од 2002 година. Во таа пригода, Роналдињо изјави дека сака да му помогне на тимот, но и дека се надева на јубилеј – својот 300-ти гол во кариерата. „Сакам да ги инспирирам и да ги мотивирам другите фудбалери за да имаме спектакуларна сезона и, доколку е можно, да победуваме. Токму затоа дојдов овде“, изјави Роналдињо на италијански јазик за време на промоцијата. Иако својот последен официјален натпревар го одигра во 2015 година во дресот на Флуминенсе, поранешниот најдобар играч во светот нагласува дека е подготвен за предизвици. „Дали ќе ме видите на теренот? Не знам, тоа го знае само тренерот. Во добра форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол. Ако тоа се случи, ќе биде уште подобро, нели?“. Поранешниот ас на Барселона и Милан истакна дека пристигнал во Равена првенствено поради блиските односи со луѓето од клубот. „Многу ми е мило што сум овде со пријателите, но ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите со тимот. Дојдов поради пријателството што го имаме и тоа е сè. Ќе видиме како ќе напредува тимот. Тука сум за да помогнам.“ Во текот на денот, Бразилецот пристигна на аеродромот во Форли (регионот Емилија-Ромања), каде што веднаш се вклучи во клупските активности по повод почетокот на новата сезона. Неговиот ангажман првенствено е дел од комерцијалната стратегија на Равена, со цел да се зголеми меѓународната видливост и да се зајакне брендот. Ronaldinho steps out in front of the Ravenna FC fans for the very first time. pic.twitter.com/OWsyOaxmsg — VERSUS (@vsrsus) August 20, 2026 Сепак, планирано е Роналдињо да одигра барем еден официјален натпревар во текот на сезоната. „Нека започне магијата!“ Клубот сè уште официјално не објави кога Бразилецот би можел да дебитира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЖивко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook