Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел - Канал 5

Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

- Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот. 

Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Брисел ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, на кој ќе се разговара за напредокот на земјите од Западниот Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурните проекти.

На Министерскиот совет, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и од Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.

Според најавите, Николоски на Министерскиот совет ќе говори за македонските транспортни политики, напредокот и реализација на проектите за европските транспортни коридори 8 и 10, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.

Во пресрет на состанокот, Николоски најави средби со министрите од Грција и Бугарија, на кои ќе стане збор за спојувањето на двата коридори, како и за можностите заедничко финансирање на нови проекти во рамки на Планот за раст.

- Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот. Иако не излегуваме на море, имаме една уникатна локација на која коридорите 8 и 10, исток-запад и север-југ, се сечат источно од Скопје и тоа е главната придобивка која мораме да ја дадеме за генерациите што доаѓаат после нас, порача Николоски.

Министерскиот совет тело задолжено за остварување на целите утврдени во Договорот на Транспортната заедница. Тој дава општи политички насоки, го разгледува напредокот во спроведувањето на Договорот, дава мислења за назначувањето на директорот на Постојаниот секретаријат и одлучува за седиштето на Постојаниот секретаријат со консензус. Министерскиот совет се состои од по еден претставник од секоја земја потписничка на Договорот, додека сите членки на ЕУ можат да учеството како набљудувачи. Министерскиот совет се состанува еднаш годишно.

Николоски вчера во Брисел присуствуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“, што го организира тинк тенкот „Пријатели на Европа“, каде се обрати на панелот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Засилена динамика на реновирање и реконструкција на оштетените урбани игралишта и урбани елементи

Од општината апелираат до граѓаните да не ја вандализираат урбаната опрема и урбаните елементи, бидејќи истите служат за нивна рекреација, дружење и одмор на сите генерации на карпошани, особено во летните месеци.

Општина Карпош: Засилена динамика на реновирање и реконструкција на оштетените урбани игралишта и урбани елементи

Целосно се реновирани и реконструирани, оштетените урбани елементи на детските игралишта, во дворот на ООУ „Јан Амос Коменски“, во урбаната заедница Тафталиџе 1, на „Фонтана“ во у.з Карпош 3, кај Адреналински парк во Карпош 3, како и на ул. „Никола Парапунов“, во населбата Карпош 4. Во рамки на ова игралиште, беа реновирани клупите, беа поставени нови лулашки, и се санираше другата урбана опрема. Се поставија и нови влезни врати, се детските лизгалки и клацкалки. На детското игралиште во ООУ „Јан Амос Коменски“, се поставија нови даски со качувалки за платформата на лизгалиштето, нов лимен покрив на куполата и се фиксираше лизгалката. Исто така се постави и клацкалка, како и две сосема нови лулашки. Се бојадисаа железните делови на игралиштето и се постави даска на клупа во училишниот двор.

Во оваа фаза на реновирање, реконструкција и поправка на оштетените детски игралишта и урбани елементи на територијата на општина Карпош, се постави и нов обрач и мрежа за кош на игралиштето за баскет кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, нова табла и мрежа за кошот на локацијата позади ресторанот „Македонска куќа“ во населбата Козле, како и нова стаклена табла и мрежа на игралиштето во населбата Влае 2. Во рамки на училишниот двор на основното училиште „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, беа поставени и пет нови клупи, а беше средено средено детското спортско игралиште со што се подобри амбиенталниот простор на училиштето, односно училишниот двор доби модерен и функционален изглед. На улицата Варшавска бр.7 се заменија оштетени и стари даски на две клупи , додека на ул. Варшавска бр. 9 се пребојадисаа клупите за седење. Општина Карпош и во иднина, ќе инвестира во реновирање на постојните над педесет и пет урбани (детски) игралишта кои се наоѓаат на нејзината територија, ќе ги реконструира оштетените клупи и корпи за отпадоци, како и ќе поставува нови, по барање на граѓаните, на однапред утврдени локации, онаму каде што има потреба. Затоа, повторно апелираме до граѓаните, да не ја вандализираат урбаната опрема и урбаните елементи, бидејќи истите служат за нивна рекреација, дружење и одмор на сите генерации на карпошани, особено во летните месеци.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две години Влада на Мицкоски - две години бајки

Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и Организираната криминална група ВМРО, составена од тендер коалиција и остатоци од распаднатото здружение ЗНАМ.

СДСМ: Две години Влада на Мицкоски - две години бајки

Две години во кои Македонија се движи наназад на секое поле.

Две години во кои наместо напредок и европска интеграција, добивме економски колапс, институционален распад и политичка изолација.

Економијата е во тешка криза. Буџетскиот дефицит е потрошен за шест месеци, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а инвестициите се намалени за 60%.

Граѓаните секојдневно ја чувствуваат реалноста - празни паричници и поскап живот.

Додека власта зборува за „трета економија во Европа“, реалноста е дека младите масовно ја напуштаат земјата, а премиерот веќе најавува увоз на работници од трети земји наместо да создаде услови за задржување на домашната работна сила.

Европскиот пат е целосно блокиран. Македонија е изолирана. Наместо да се приближуваме кон ЕУ, се отвораме кон авторитарни влијанија.

Европските извештаи јасно укажуваат на странско мешање од Србија, Русија и Кина. Владата промовира авторитарна пропаганда и учествува во мрежи спротивни на македонските национални и безбедносни интереси.

Со ваквите политики се загрозува кредибилитетот на Македонија во НАТО и целосно се блокира патот кон Европската Унија.

Дел од медиумите се под контрола на ВМРО преку мрежата на Виктор Орбан.

Институциите се целосно партизирани.

Министерството за внатрешни работи е ставено во функција на политичка контрола, а правосудството и обвинителството се под директна партиска контрола.

Реконструкцијата на Владата, која ја најави Мицкоски, е само продолжување на претставата - нема резултати, туку само нова шминка и нови криминални тендери.

По две години јасно е дека ВМРО нема ниту идеја, ниту план за развој на Македонија. Имаат само план за задолжување, трошење и одржување на власт по секоја цена. Со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат.

Бајките за „горда Македонија“ завршија.

Реалноста е дека државата забрзано се движи кон економски и институционален колапс.

Македонија не смее да продолжи по овој пат. Курсот мора да се промени - враќање на европскиот пат, одговорна економска политика и враќање на институциите во служба на граѓаните, а не на партиските и криминални интереси.

Две години се доволни за да се види вистината.

Со Мицкоски, држава забрзува - во пропаст!

Македонија и нејзините граѓани заслужува подобро.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Ферари ги принудува клиентите да купат електричен модел? Пристигна одговор од Маранело

Лусе е развиен за различен профил на клиенти и не е наменет исклучиво за долгогодишни сопственици на Ферари. Секако, тие можат да го купат, но никој не е принуден да го стори тоа.

Дали Ферари ги принудува клиентите да купат електричен модел? Пристигна одговор од Маранело

Ферари цврсто ги негираше гласините дека клиентите мора да го нарачаат новиот електричен модел Лусе за да го задржат својот статус на важни клиенти или да добијат пристап до идни ограничени серии автомобили.

Маркетинг директорот на Ферари, Енрико Галиера, изјави дека ваквите тврдења се неточни и дека таквата практика би му наштетила на самиот бренд.

„Лусе е развиен за различен профил на клиенти и не е наменет исклучиво за долгогодишни сопственици на Ферари. Секако, тие можат да го купат, но никој не е принуден да го стори тоа“, рече Галиера.

Тој верува дека незадоволните клиенти би влијаеле негативно на угледот на компанијата, додека брзата препродажба на возилото би можела да ја намали вредноста на користените копии и да предизвика дополнителни проблеми на пазарот.

Иако не сакаше да го открие точниот број на нарачки за „Ferrari Luce“, Галиера нагласи дека продажбата ги исполнува очекувањата на компанијата. Според него, нарачките во моментов се распределуваат приближно рамномерно помеѓу новите и постојните клиенти на Ферари.

Гласините се појавија по извештајот на Блумберг, во кој анонимни извори тврдеа дека купувањето модел Лусе би можело да ги зголеми шансите за добивање идни ограничени и специјални модели на Ферари.

Сепак, Маранело вели дека таква политика не постои и дека пристапот до ексклузивни автомобили не е условен со купување електричен модел.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер