Вицепремиерот Николоски го отвори Виенскиот еконoмски форум - Канал 5

Вицепремиерот Николоски го отвори Виенскиот еконoмски форум

Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот.

Вицепремиерот Николоски го отвори Виенскиот еконoмски форум

На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас. Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето експозе на отворањето на Виенскиот економски форум.

Тој потенцираше дека перцепцијата од придобивите од членството во ЕУ е се уште голема, но го истакна примерот со Македонија и нејзината неизвесност кон приклучување на Унијата. Додаде дека економската соработка е клучен фактор за стабилизација и соработка меѓу државите.

Во подолжение интегралното обраќање на вицепремиерот:

“ Благодарам за поканата и за оваа можност. Ќе започнам со она што сега е најважно прашање, а тоа е она што се случува во Европа. Сојузната министерка спомена дека е родена во 1994, а Австрија се приклучила во 1995. Јас ќе ви раскажам поинаква приказна, роден сум во 1984, а кога веќе бев во средно училиште, станавме прва земја во регионот која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како што се нарекуваше во тоа време и станавме придружна членка на ЕУ. Од тогаш имаме договор за слободна трговија, за слободно патување итн. Веќе во 2008 година, кога веќе бев во првиот мандат како пратеник во Собранието, најмладиот во тоа време, ја добивме првата препорака за отворање на пристапни преговори, a во 2009 веќе го добивме и првото вето за отворање на преговорите. И тоа вето се’ уште трае. Прво беше од нашата јужна граница, сега е од источната граница и за жал, се соочуваме со она што го има кажано Черчил во времето на Втората светска војна дека “Балканот произведува премногу историја и Европа не може да ја испроцесира”. Мислам дека никој не веруваше дека во 21-от век ќе има војна на европско тло и мислам дека таа перцепција дека само позитивни работи ќе се случуваат во Европа, дека ќе има постојан економски раст, дека ќе зборуваме само за прашања поврзани со храна, остави простор за Европската Унија да биде релаксирана, да остави процесот да тече сам, ако се случи – добро, ако не се случи – нема проблем, секако се дел од континентот, сега зборувам за целиот Западен Балкан, но она што се случи во 2021 година, сметам дека е аларм за сите нас, бидејќи мислевме дека нешто сме оставиле зад нас, а тоа ни се враќа. Повторно зборуваме нуклеарни проби, ракетни системи, за радари, дронови, анти-дронови, зборуваме за војна, за милиони изгубени животи досега, што не’ води до реалноста дека европскиот континент е само мал дел од слобода, демократија и економски просперитет и за жал, некои од големите играчи го перципираат светот поинаку од нас, не ги споделуваат нашите вредности, нашите заеднички цели и не живеат како што живееме ние и сакаат конфликт наместо просперитет. И затоа сметам дека ако треба да се запрашаме кој е најслабиот дел од европскиот континент, некои ќе речат Грузија, некои Молдавија, јас би рекол дека е Западен Балкан. И затоа сметам дека фокусот е многу важен – јасен фокус и јасна визија. Она што ме плаши и ќе бидам искрен е дека ќе се разбудиме во 2029 година, тука, ако не’ поканите и се’ уште ќе зборуваме за проширувањето, дека ќе биде убаво и дека ќе се случи. Бидејќи ова не е првпат да сме тука, да има динамика. Во 2000 беше Самитот во Солун, потоа во 2007 кога се приклучија Бугарија и Романија, ни велеа дека ние сме следните, а да не ви ги кажам сите отворени прозорци за кои сме слушале и сите клучни моменти. Она што е позитивно е што енергијата во регионот се’ уште е висока, јавното мислење е во полза на приклучување на Европската Унија и другите сили се’ уште не ѝ се конкуренција на ЕУ. Но прашање е дали тоа ќе биде засекогаш и затоа сметам дека треба да бидеме мудри и храбри, но и да зборуваме отворено и директно и да бидеме фер: ако нема проширување, тогаш да видиме што ќе се случува, ако е пакет, тогаш да дискутираме дали може да функционира или не. Подобро е на луѓето да им се каже вистината отколку постојано да ги лажеме или да им даваме лажни ветувања или да подгреваат очекувања кои потоа нема да се остварат. И затоа сметам дека економската соработка е суштината на приоритетот во регионот. Не зборувам само како претседавач на Економскиот совет на Владата и како вицепремиер или министер за транспорт, туку и како човек кој има искуство во овој свет и затоа мислам дека најважен е економскиот раст на регионот. Може да видиме голем број на луѓе кои го напуштаат регионот. Ќе ви кажам еден мал пример: пред еден месец имавме локални избори и некои општини немаат градоначалник бидејќи не можат да дојдат до цензус од 33% излезност. Зошто? Најголем дел од луѓето не се тука, преселени се во централна или западна Европа. Затоа мислам дека е важно да се фокусираме на економијата. Австрија игра огромна улога во регионот, многу австриски компании се присутни во регионот, работат добро, добредојдени се и мислам дека тоа е најдоброто што можеме да го направиме заедно – да носиме повеќе инвестиции, да имаме поголема размена, повеќе бизниси, што мислам дека потоа ќе придонесат кон други работи што ги споделуваме – демократија, просперитет, владеење на право и заедничка соработка меѓу нас. Повеќе ќе зборуваме утре, уште еднаш ви благодарам, навистина е чест и голема можност, благодарам и на сите ни посакувам успех и плодни дискусии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

По 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. 

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести.

На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување.

Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. 

Претрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности СВР Штип и СВР Скопје

На 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“.

Превентивни активности СВР Штип и СВР Скопје

Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници.

На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други.

Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер