Вицепремиерот Николоски го отвори состанокот за коридор 8 во соработка со делегацијата на ЕУ - Канал 5

Вицепремиерот Николоски го отвори состанокот за коридор 8 во соработка со делегацијата на ЕУ

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, присуствуваа на  работниот состанок на тема „Коридор 8 - активности и проекти”, кој се организира во соработка со делегација на Европската унија во Скопје.

Вицепремиерот Николоски го отвори состанокот за коридор 8 во соработка со делегацијата на ЕУ

Како што информираат од министерството за транспорт, работниот состанок е од затворен карактер.

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен - изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на Коридорот 8, како и за проектите за изградба на патните делници на овој Коридор, кои, потенцира, се одвиваат добро.

- Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти - рече Николоски.

Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.

- Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8 - посочи Нупнау.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите?

Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси?

Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво?

Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството?

Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Според психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.

 Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие.

Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот.

Што ве исфрла од рамнотежа?

„Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд.

Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост.

Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин.

Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор.

Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)

Тесните улици на историскиот центар на Севиља станаа „стапица“ за црвен луксузен автомобил со португалски регистарски таблички.

Трагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)

Возачот на скапиот автомобил се нашол во незавидна ситуација откако се обидел да сврти, а потоа се соочил со сериозни тешкотии при маневрирањето низ тесен премин, објавува „Ел Дебет“.

Во видео кое се појави на мрежите, снимено од очевидец, можете да видите како Ферарито се заглавило откако се обидело да сврти на улицата Бамберг, на аголот со улицата Арготе де Молина.

Минувачите се обиделе да го насочат возачот за да избегне оштетување на каросеријата.

Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи биле помалку љубезни кон возачот на Ферари. Многумина потсетиле на ризиците од возење низ најтесните и најпрометните делови на Севиља.

„Кој би возел автомобил вреден 250.000 евра низ стариот центар на градот?“, прашал еден од нив.

Медиумите известуваат дека пристапот до овој дел од градот е ограничен на станари, сопственици на гаражни простори и возила на јавниот сервис, токму поради тесните улици и недостатокот на простор за непречено движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер