Вицепремиерот Беким Сали оствари средба со инвеститори од Турција - Канал 5

Вицепремиерот Беким Сали оствари средба со инвеститори од Турција

Сали истакнал дека Република Македонија останува посветена на привлекување квалитетни инвестиции и на одржлив економски развој, нудејќи поволни услови за долгорочни и заемно корисни партнерства. 

Вицепремиерот Беким Сали оствари средба со инвеститори од Турција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, остварил средба со делегација на инвеститори од Турција, од регионите на Истанбул, Анкара и Измир, кои доаѓаат од значајни сектори како енергетика, медицина, дигитализација, градежништво и земјоделство.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сали, се разговарало за конкретни можности за инвестиции во земјата, како и за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. Била нагласена важноста од создавање поволна деловна клима и обезбедување институционална поддршка за странските инвеститори.

Сали истакнал дека Република Македонија останува посветена на привлекување квалитетни инвестиции и на одржлив економски развој, нудејќи поволни услови за долгорочни и заемно корисни партнерства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телеком со иницијатива за безбеден интернет: Насилството не смее да има публика

Македонски Телеком и министерството за образование и наука започнаа национална иницијатива против врсничкото насилство и омразата во дигиталниот простор, насловена „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“

Телеком со иницијатива за безбеден интернет: Насилството не смее да има публика

Фокусот на иницијативата е насочен кон превенција на сајбер-булингот и улогата на сведоците што снимаат и споделуваат насилство. Кампањата беше промовирана во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје на првиот училишен ден, со најава за нови образовни стандарди и промоција на семејната безбедносна апликација Safe Family.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец – драматично било во општина Боговиње

Опасноста од пожари останува и нивниот број е сѐ уште многу висок, над 20 дневно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец – драматично било во општина Боговиње

Во моментов тежок пожар има на територијата на општина Струга, во атарот на селата Локов и Буринец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и Филипче продолжија со размена на аргументи „За“ и „Против“ изградбата на дата центри

Проспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата.

Мицкоски и Филипче продолжија со размена на аргументи „За“ и „Против“ изградбата на дата центри

Проспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата, Мицкоски и Филипче. Развојот е неповратен процес, опозицијата се однесува неодговорно и изолирано, изјави Мицкоски, кој рече дека и претседателот на САД Трамп им укажа на тие кои се противат дека економските придобивки од дата центрите се големи. Филипче пак ги повтори неговите аргументи дека загрозени ќе бидат водата и струјата.

-Секогаш кога ќе појдете на Исток, особено во азиските земји, кога ќе ги видите хуманоидните роботи, кога ќе видите како функционираат современите сообраќајни решенија и кога ќе се соочите со тие технолошки достигнувања, тогаш се враќате со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: Ајде луѓе ние да направиме нешто’, е тогаш сте против, тогаш работата не чини. Така што, тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

-Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува.. Пото а, ќе има ли потреба од увоз на струја? Јас мислам дека тоа е главната работа. Една од причините зашто ги дислоцираат или не дозволуваат развиените земји е затоа што има енормна неподнослива бука. Има нејонизирачно електромагнентно зрачење околу, кој ќе сака да живее во таква средина? - Венко Филипче – претседател на СДСМ

Премиерот Мицкоски и лидерот на опозицијата разменија обввинувања и за јавниот долг на државата.. Филипче изјави дека вчера на Влада било усвоена потреба за ново задолжување од милијарда и 300 милиони евра, додека пак Мицкоски вели дека сега се враќаат стари долгови од времето на СДСМ и ДУИ.

-Значи Владата повторно ја задолжува земјата, граѓаните, со нови 1,3 милијарда евра. Пари дополнително на оние 2,5 милијарди евра, со кои што го зголемија долгот на државата во изминатите две години. Пари кои што ќе ги враќаме сите ние, зашто поради нивните лоши економски политики.- Венко Филипче – претседател на СДСМ

-2017 во споредба со 2026 година е три спрема еден во делот на каматите, а тоа е долгот што го остави тогашната влада – владата на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа Влада, која го наследи од владата на СДСМ и ДУИ.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Мицкоски ги обвини претходните влади дека не воделе сметка за добра фискална политика и смета дека ја уништиле македонската економија со потези како прогресивниот, а потоа и со солидарниот данок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер