Вевчанскиот карневал годинава со слоган „Напрај се василичар“ - Канал 5

Вевчанскиот карневал годинава со слоган „Напрај се василичар“

Финишираат подготовките на маските кои цела година се кријат за да се презентираат на 13ти јануари на Василица – односно на прославата на православната нова година за надалеку познатиот вевчански карневал. 

Вевчанскиот карневал годинава со слоган „Напрај се василичар“

Карневалот започнува на 12 ти со забавна вечер а кулминацијата на настаните кога горно маалската тајфа и долно маалската одат најнапред по куќи па потоа на дефилето на маски е вечерта на 13 ти Јануари проследено со зули и тапани.

Како и секоја година предводени од маските на зетот и невестата, музичарите, глупавиот Август и маските на ѓаволите преку сатира ќе се ирази слободарскиот дух на вевчанските погледи на состојбите во земјава и светот за на 14 ти да се спалат сите маски со што се смета дека се уништува злото.

Годинава новина е воведувањето на шоуто со готвење на вевчански специјалитети.

Целиот спектакл најавено е дека ќе го следат претставници на карневали од 50 држави од светот а се очекуваат од 10 до 20 илјади посетители.

Ова е еден од најстарите карневали кој според пишани документи како традиција се одржува повеќе од 1460 години а според археолошки наоди карневалот во Вевчани е стар повеќе од 2200 години со својот уникатен сплет на христијански и пагански обичаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Мал авион се урнал на Алјаска, нема преживеани.

Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Нема преживеани Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел на Алјаска и, според последните информации, никој не преживеал.

Командата за Алјаска ја потврди несреќата на авионот и соопшти дека нема преживеани, пренесува Ројтерс.

Раководителот на Националниот одбор за безбедност во транспортот за регионот на Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шестмина патници.

Според Федералната управа за авијација на САД (FAA), авионот „Цесна 441“, кој полетал од Анкориџ, бил на пат кон радарската станица Кејп Њуенхам и се урнал западно од аеродромот.

Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

-Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. 

Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

„Добар ден и од мене.

Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп.

Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот и да честитам за посветената работа којашто ја прави изминатиов период, на советниците коишто ја поддржуваат неговата работа како градоначалник, на пратениците коишто се од Прилеп и коишто се борат за проект повеќе за Прилеп и овој дел од Македонија. Да се заблагодарам се разбира тука и на колегите од Владата, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи нашата цел како Влада уште на самиот почеток беше да испорачаме што е можно повеќе проекти во рамките на нашите можности со коишто ќе го подобриме онолку колку што можеме квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Така што уште еднаш еве честитам на сите и би посакал да се движиме во рамките на роковите коишто се зададени за да овие проекти бидат пуштени во употреба и ја имаат својата полна намена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска?

 Финската гранична служба денес соопшти дека во четвртокот руски извидувачки авион „Иљушин-20“ наводно го нарушил воздушниот простор.

Дали  руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска?

Како што беше соопштено, постои сомневање дека руски извидувачки авион го нарушил финскиот воздушен простор јужно од Уто, во Финскиот Залив, пренесува Yle.

Според финската гранична служба, наводното нарушување на финскиот воздушен простор траело околу три минути.

Во својата најдлабока точка, авионот навлегол околу 4,7 наутички милји во финска територија, во Финскиот Залив.

Граничната служба покрена прелиминарна истрага за случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер