Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотВевчани подготвено за вековната традиција - Вевчанскиот карневалРечиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака за позитивни промени. Вевчанци се подтотвени, финишира изработката на маските, а публиката, како од земјава, така и од странство е во исчекување со што ќе изненадат овие креативни луѓе. Добро познато е дека гостопримливите и љубезни вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе бидат маскирани. Вевчани пулсира во знак на Карневалот Преку необично преплетување на пагански и христијански обичаи, на само за Вечани препознатлив начин организирани во две групи, Долна и Горна маала василичарите и годинава ќе се обидат да го избркаат злото со благослов за среќно и бериќетно ново лето. Дефилето на креативните василичари, често пати нарекувано театар на отворено, без сценарио и режија, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го играат традиционалното василичарско оро. Поворката ја предводат зетот, невестата, глупавите Августи и ѓаволите, сите со своите симобилики. Зетот и невестата се симбол за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите Августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, што честопати завршуваат и во толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски. Маските со својата оригиналност и неповторливост ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни. Преку својата креативност ги исмејуваат случувањата пред се во државата, но не ги заборават ниту светските позначајни настани. Низ годините на тапет биле видни политички имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници..., но за содржината на маските не се лутеле. Иако имаше случаи кога маските предизвикале дипломатски скандали, верски негодувања, па и реакции за користење живи или усмртени животи за таа намена. Несекојдневно испраќање на старата и дочек на Новата година На сатиричен и за нив препознатлив начин, вевчанци утре, точно на полноќ ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат Новата година по Јулијанскиот календар. Преку маските испраќаат силни пораки годината да биде бериќетна и среќна, исполнета со здравје и позитивни општествени промени. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година. Зетот и невестата од двете маала, ноќта ќе ги посетат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година. По што придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен во текот на целата година. Следниот ден, на 14 јануари, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански, визити, во семејствата чии членови го носат името на светецот. Со палење на маските и василичарското оро завршува Карневалот Традиционално, на 14 јануари, доцна попладнето завршуваат карневалските случувања со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани. Со тоа се смета дека е избркано злото, а жителите на ова мало населено место уште од следниот ден почнуваат да размислуваат како ќе се маскираат идната година. Традицијата туристичка атракција Преку спој на традицијата и модерното Вевчанскиот карневал е туристичка атракција, каде покрај посетители од државата, доаѓаат гости и од странство.За поголема афирмација и поголема посетеност се организира дводневна музичка програма. Вевчанци и гостите вечер ќе ги забавуваат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрането пушење“, а за утрешната забава ќе бидат задолжени „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“ , Перо Бели и Коки Биоритам. Сместувачките капацитети иако во мал број се исполнети до последното место, а интерес има и за сместување во соседните Струга и Охрид. Атрактивноста на Вевчанскиот карневал се очекува да одѕвони и во странските медиуми./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter