ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата
1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
ФудбалВетеранот Очоа се врати во репрезентацијата на МексикоСелекторот на мексиканската фудбалска репрезентација, Хавиер Агире, го повика 40-годишниот голман Гиљермо Очоа за претстојните пријателски натпревари против Португалија и Белгија.Очоа последен пат беше со мексиканската репрезентација на минатогодишниот Голд Куп, и му беше резерва на целиот турнир на Луис Малагон, кој минатата недела ја повреди Ахиловата тетива и ќе го пропушти претстојното Светско првенство. Својот последен репрезентативен натпревар Очоа го одигра во ноември 2014 година кога Мексико загуби од Хондурас. Фудбалерите на Мексико ќе бидат домаќини на Португалија на 28 март во Мексико Сити, а три денови подоцна ќе играат против Белгија во Чикаго. Тагови: Мексико Очоа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
МакедонијаОпштина Илинден: Се реновира Домот на култура во н.м КадиноОпштина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино.Општина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино, со цел значително да се подобрат условите за одржување на културни, општествени и јавни настани. Во рамки на проектот се изведуваат повеќе градежно-занаетчиски активности, меѓу кои поставување на нови вертикални олуци и чистење на постоечките хоризонтални олуци, поставување на нов пластифициран лим за изработка на симс, реконструкција на фасадата и молерисување на внатрешните простории на објектот. Поставување нови ПВЦ врати и прозорци, изработка на нова ограда, поставување плочки на надворешните скали, како и санација на електричната инсталација во објектот. При увидот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реализацијата на овие активности, Домот на култура ќе добие современ и функционален изглед, подобрена енергетска ефикасност, повисоко ниво на безбедност и поквалитетни услови за користење од страна на граѓаните. Општина Илинден и понатаму инвестира во обновата и модернизацијата на јавните објекти, со цел создавање поквалитетни услови за културниот и општествениот живот во сите населени места. Општина ИлинденКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водатаФилипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата и да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во ГостиварСООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации. Венко Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата. Дали Венко Филипче го поддржува тој став на Лимани кој без срам и образ вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? Со ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДС нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар. Сомнителни ликови со криминално минато, како организацискиот секретар Зоран Трифуновски, се во првите редови во СДС. Особено е несфатливо што Венко Филипче држи лекции за функционирањето на здравствениот систем, имајќи предвид дека како министер за здравство имаше бројни скандали кога десетици илјади луѓе умираа од корона, а тој мислеше само на провизиите од вакцини. Додека надлежните институции постапуваат, вршат контроли и ја утврдуваат фактичката состојба, Филипче однапред носи пресуди, пласира сценарија за нови епидемии и се обидува да создаде паника кај граѓаните. Наместо политички конструкции и обиди за манипулација, институциите треба да се остават професионално да ја завршат својата работа. Сите наоди и резултати ќе бидат соопштени транспарентно, врз основа на факти и стручни анализи, а не врз основа на политички квалификации. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички маркетинг на СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЃоревски: Го враќаме европскиот сјај на МЗТ - брзо ќе ги затвориме и сите наследени долгови!МЗТ Скопје Аеродром по 25 години повторно ќе настапува во европско натпреварување под капата на ФИБА, а освојувањето на домашните трофеи останува приоритет. Во клубот се убедени дека дојде време да се направи исчекор и да се врати европскиот сјај кој некогаш беше заштитен знак на „сино-белите“. За амбициите, формирањето на тимот, младинската школа и иднината на клубот разговаравме со извршниот директор Филип Ѓоревски. МЗТ Скопје повторно ќе игра во Европа по четврт век. Колку е важен овој чекор за клубот? „Играњето во Европа ми беше желба уште од првиот ден кога дојдов во клубот. Летово конечно се поклопија сите услови за да го реализираме тој план и решивме да го прошириме нашиот видик со настап во ФИБА Еврокупот. МЗТ Скопје, како најтрофеен и најдоминантен македонски кошаркарски клуб во последните две децении, има обврска да ја претставува Македонија и на европската сцена. Освојувањето на домашните трофеи секогаш ќе биде наш примарен приоритет, но истовремено сакаме повторно да ја вратиме атмосферата која некогаш владееше во „Јане Сандански“, кога во Аеродром гостуваа европски клубови како Реал Мадрид, Улм, Порто или Бенфика. Верувам дека ова ќе биде дополнителен мотив за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите љубители на кошарката да дојдат во салата и да ни помогнат да оствариме што подобар резултат.“ Какви се очекувањата од групата во ФИБА Еврокупот? „Добивме исклучително интересна, но воопшто не лесна група. Ќе играме против екипи од земји кои редовно имаат свои претставници на големите европски натпреварувања, што доволно зборува за квалитетот што нѐ очекува. Никого не потценуваме, но истовремено веруваме во сопствените можности и ќе се обидеме достојно да го претставиме клубот и македонската кошарка.“ Паралелно се работи и на создавање на новиот тим. По што ќе се разликува МЗТ Скопје оваа сезона? „Работиме напорно за да формираме квалитетен состав во кој ќе има вистински баланс помеѓу искуството и младоста, дополнет со квалитетни и перспективни странски кошаркари кои ќе се вклопат во нашата визија. Продолжувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски ни значи многу, не само поради нивниот квалитет на теренот, туку и поради нивното лидерство и човечки вредности. Во исто време ги вративме репрезентативците Лука Стојановски и Никола Василевски, кои носат дополнителна енергија и потенцијал, а договорени сме уште неколкумина кои наскоро ќе ги официјализираме. Секој ангажман е темелно анализиран. Нашата цел не е само да собереме квалитетни индивидуалци, туку да создадеме тим кој ќе функционира како хомогена целина, во кој секој ќе ја знае својата улога. Истото важи и за странските кошаркари, бидејќи сакаме да избегнеме некои грешки што сме ги правеле во минатото.“ Промени има и во младинската школа, каде што координатор стана Саша Димитријевиќ. Колку е значаен овој потег? „Саша Димитријевиќ е човек кој практично целата своја кариера ја посвети на развојот на младите кошаркари. Неговото искуство е огромно и сакаме максимално да го искористиме, не само за работа со нашите таленти, туку и за едукација на тренерите во младинската школа. Нашата цел е младинскиот погон повторно да биде фабрика за играчи за првиот тим. Тоа е најздравиот, но и најисплатливиот модел за создавање конкурентен клуб кој долгорочно ќе продолжи да доминира на домашната сцена.“ Веќе пет години сте на чело на клубот. Како гледате на периодот што е зад вас? „Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме исклучително тешка финансиска состојба. Наследивме огромни долгови и навистина се чинеше дека нема крај на проблемите. Но, тоа не нѐ поколеба. Напротив, работевме паралелно – го градевме тимот, освојувавме трофеи и истовремено ја стабилизиравме финансиската состојба. Сега можам да кажам дека клубот од година во година е финансиски посилен и постабилен. Убеден сум дека не е далеку денот кога целосно ќе ги затвориме сите обврски наследени од минатото и ќе можеме да кажеме дека МЗТ Скопје функционира на здрави основи. Секако, ништо од ова немаше да биде возможно без огромната поддршка од Општина Аеродром и нашите спонзори. Нивниот број постојано расте, што е доказ дека нашата работа, амбиција и визија се препознаваат и во бизнис-заедницата. Тоа ни дава дополнителна обврска да продолжиме уште посилно.“ Новата сезона за МЗТ Скопје Аеродром официјално ќе почне во средината на август, кога шефот на стручниот штаб Васко Атанасов ќе ја означи првата прозивка и стартот на подготовките за предизвиците што ги носат домашната сцена и европските натпреварувања.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook