Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа
ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!
1Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа
2ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!
Други спортовиВетераните на Пирин најдобри на меѓународниот одбојкарски турнир во СтрумицаВетераните на Пирин од Разлог, Бугарија, го освоија првото место на меѓународниот одбојкарски турнир што се одржа вчера и завчера во Струмица. Во финалниот натпревар тие беа подобри од домаќините, ветераните на Струмица, забележувајќи победа од 2:0 во сетови. Во натпревар за третото место ветераните на Рибница од Краљево, Србија, беа поуспешни од екипата на Тетово и славеа победа од 2:0. Турнирот се одржува традиционално десетти пат по повод патрониот празник на Струмица „Светите петнаесет тивериполски свештеномаченици". Организатор на турнирот се ветераните на Одбојкарскиот клуб Струмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСедум случаи со западно нилска треска потврдени во земјава, двајца се борат за животДвајца скопјани на 66 и 76 годишна возраст се борат за живот откако по убод од комарец во Скопје имале невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Останатите петмина кај кои е потврдена западно-нилска трска се стабилни, иако сите имаат и други хронични болести, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана. Освен потврдените, има уште три суспектни на „западен нил“ за кои се чека лабораторска потврда. Иако само кај еден процент од заразените може да има ваков исход по каснување од заразен комарец, состојбата од стабилна може брзо да се влоши, како што е случајот со 66 годишникот, поради што е неоходна хоспитализација во болница, појаснува д-р Цана. Освен еден што патувал надвор од државата, сите останати се заразени дома, односно од комарец заразен со „западен нил“ кој е присутен во Скопје. Од Центарот за јавно здравје за Канал 5 потврдуваат излегле на терен и решиле дека мора за заштита од комарци да се прска цело Драчево и Ченто, а поради еден потврден и од Аеродром, да се изврши дезинсекција во неговото живеалиште во радиус од 200 метри. Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, туку преку комарци, па затоа апелот е да не се остава застоена вода дождовница и да се обрати поголемо внимание за заштита од убоди, со спрееви против комарци, мрежи и соодветна одблека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаСудскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласаСудијата Зоран Герасимовски е определен да ја извршува функција вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје, објави на денешната седница претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.Герасимовски доби поддршка од девет члена на Судскиот совет, а двајца беа против. Претходно, членовите на Судскиот совет го разгледаа предлогот судијката Тања Милева да биде назначена за в.д. претседателка на овој суд, но тој не го доби потребниот број гласови. За неа гласаа двајца членови на советот, додека другите девет беа против. Герасимовски ќе ја извршува функцијата в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје до изборот на нов претседател на судот во редовна постапка. До избор на в.д. претседател на скопска апелација на денешната седница дојде откако вчера досегашната претседателка на овој суд, Мери Дика-Георгиевска, беше избрана за уставна судијка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!Либерално-демократската партија (ЛДП) ја известува јавноста дека не даде поддршка и не гласаше за изборот на Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд на Македонија. За ЛДП е апсолутно неприфатливо и скандалозно што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со 64 гласа „За“, за највисоката правна функција во државата избра судијка чие име во јавноста директно се врзува за скандалот „Рекет“, кумства и контроверзни сведочења за шопинг-патувања во Милано. Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ покажа невиден степен на политичка хипокризија. Партијата која во опозиција минатите години ја изгради целата своја платформа врз критиката за случајот „Рекет“ и ветуваше раскрстување со заробеното судство, денеска на власт ги наградува истите актери од тие естрадно-судски афери со комотни фотелји во Уставниот суд. Во интервјуто за ТВ Канал 5 оваа недела претседателката на ЛДП укажа токму на оваа разорна демогогија: „Знаете што е најстрашно во политиката? Кога за некогашните грешки ќе ги критикувате претходните, ќе дојдете на власт и не само што ги правите истите грешки, туку ги правите уште поголеми!“ ЛДП прашува јавно „Тоа ли е реформата во судството? Тоа ли е борбата против корупцијата? Тоа ли е шампионската Реформска агенда?“ ЛДП јасно порачува дека Уставниот суд мора да биде тврдина на интегритетот, составен од врвни правни авторитети со неиспраскан личен и професионален кредибилитет, а не депонија за задкулисни партиски пазари. Прашањата за правдата и реформите не смеат да служат само како евтини маркетинг-пароли во опозиција кои се забораваат во моментот кога ќе се освои власта, бидејќи со ваквиот партиски упад директно се руши достоинството на институциите и довербата на граѓаните во правниот поредок. ЛДП останува бескомпромисно на страната на граѓаните и принципиелната борба против селективната правда, без разлика кој е на власт. Нема да молчиме пред политичките трговци кои свесно ја убиваат довербата во правосудството! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter