Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски
Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајна
1Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски
2Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајна
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканВетер ги носи пластичните лежалки низ плажата на Раб (ВИДЕО)Силна бура вчера го погоди Раб. Пожарникарите во Раб имаа бројни интервенции, од испумпување вода од згради и спасување чамци до поправка на покриви, а интервенираа и во градинката „Пахуљица“, каде што водата се закануваше да навлезе во внатрешноста.Првите повици за помош почнаа да пристигнуваат непосредно пред 13 часот, по што речиси сите расположиви сили излегоа на терен, пишува порталот Раб Данас. Командирот на Доброволното противпожарно друштво Раб, Миливој Личина, рече дека двете противпожарни служби од островот реагирале веднаш. „Интервенциите се однесуваа на испумпување вода од јавни згради и семејни домови, спасување чамци од тонење, поправка на урнат столб од телекомуникациската мрежа, миење на јавни површини од наслаги од кал и испитување на урнати ѕидови“, рече Личина, опишувајќи го обемот на бурата. Најголемата штета во Лопар Фиуман објави видео на кое се гледа како ветерот носи пластични лежалки низ песочна плажа. Погледнете го видеото: Во најинтензивниот дел од интервенциите, истовремено беа ангажирани пет екипи од Противпожарната служба на Раб и целата противпожарна служба на Лопар. Најголема материјална штета е забележана во Лопар. Локалната Противпожарна служба на Раб, со помош на возило за работа на висина од Противпожарната служба на Раб, ги поправи покривите на две семејни куќи. Работата на пожарникарите беше дополнително отежната од многу неповолните временски услови, според порталот Раб Данас. Поради големата количина на дожд, вода се насобра во атриумот на градинката „Пахуљица“ и во детското игралиште. Постоеше ризик водата да навлезе во внатрешноста на градинката и да предизвика голема материјална штета. По повикот од градинката, екипите на Противпожарната служба на Раб брзо пристигнаа на местото на настанот и ја испумпаа и отстранија насобраната вода. Раководството на градинката им се заблагодари на пожарникарите за нивната брза интервенција.Тагови: невреме Раб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо ЈакимовскиВрховниот суд се уште не го објавува образложението за укинувањето на пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а 38 беа повредени. Станува збор за второстепената пресуда со која на дел од осудените им беа зголемени затворските казни изречени првично од Кривичниот суд. Предметот сега се враќа на повторно постапување и одлучување пред Апелација. Од таму за Канал 5 велат дека сè уште е рано да се прејудицира во која насока ќе се движи предметот. Судот повторно ќе треба да одлучува по жалбите. Во зависност од причините поради кои Врховниот суд ја укинал претходната одлука и од законските услови, Апелација може да ја потврди или преиначи првостепената пресуда, а можно е предметот повторно да биде вратен и пред првостепениот суд. Пет години по несреќата, во јануари 2024 година, шестмината обвинети возачот Маноил Трифуновски, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари како и тројца од станицата за технички преглед беа осудени на затворски казни. Апелација претходно ја прифати жалбата на Обвинителството и на дел од осудените им ги зголеми казните. На Белули казната од четири беше зголемена на десет години затвор, на Мифтари од шест на десет, додека Ѓорѓиевски и Дуковски вработени во станицата за технички прегледи, наместо по пет, добија по седум години затвор. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, коментирајќи ги реакциите, нагласи дека Врховниот суд не ги оценувал обвиненијата, туку законитоста на судските одлуки. „Одлуките на повисоките судови се во врска со одлуките на пониските судови. Врховниот суд не ги ценел обвиненијата, туку одлуките на второстепениот и првостепениот суд“, рече Савески. Освен за случајот Ласкарци Врховен ги укина и пресдуите на Кривичен и на Апелација за поранешниот градоначалник на карпош Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно судење пред Кривичниот суд. Јакимовски со оваа одлука практично треба да излезе од затвор откако ќе ја добие одлуката. Неговиот адвокат Виктор Цветковски, за Канал 5 вели дека е задоволен од насоката во која се движи постапката. „Сите рокови за излез на Јакимовски течат од моментот на приемот на пресудата. Додека ниту една од странките не ја добие пресудата во писмена форма, не може да се постапува само врз основа на објавата на веб-страницата на Врховниот суд. Во самата пресуда треба да бидат наведени образложението и причините врз основа на кои е донесена одлуката, како и насоките за понатамошното постапување на пониските судови“, вели Цветковски. Практично, со одлуките на Врховниот суд, осудените во предметот „Ласкарци“, како и Стевчо Јакимовски, ќе можат од слобода да ги следат понатамошните судски постапки. Предметите, сепак, не се завршени, а конечниот исход ќе зависи од новите одлуки на пониските судови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајнаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар.На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на Македонија и на Западен Балкан. Сали му се заблагодари на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамки на групата „Пријатели на Западен Балкан“. „Европската иднина на Македонија е наша стратешка определба и остануваме целосно посветени на реформите и исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување. Истовремено, од суштинско значење е процесот да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, при што исполнувањето на договорените обврски ќе биде проследено со конкретен напредок“, истакна Сали. Во овој контекст, беше разговарано и за значењето на добрососедските односи и потребата билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување, притоа зачувувајќи го европскиот и реформскиот карактер на пристапниот процес. Сали истакна дека Македонија останува посветена на конструктивен дијалог со Бугарија и на градење одржливи добрососедски односи, нагласувајќи ја важноста европскиот процес да обезбеди предвидливост и сигурност дека исполнувањето на договорените обврски ќе овозможи напредок кон следните фази од преговорите. Соговорниците разговараа и за постепената интеграција на земјите кандидати во политиките и единствениот пазар на ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на словачкото искуство во процесот на европска интеграција. Сали нагласи дека поддршката од пријателски и партнерски земји како Словачка е значајна како за напредокот на Македонија кон ЕУ, така и за зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување во целиот Западен Балкан. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метриПочетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени. Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје. „Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата. Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри. „Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска. Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter