Вестпрем продолжува со победните во СЕХА лигата - Канал 5

Вестпрем продолжува со победните во СЕХА лигата

Екипата на Вестпрем ја забележа и десеттата победа во регионалната ракометна СЕХА лига.

Вестпрем продолжува со победните во СЕХА лигата
Унгарскиот шампион, попладнево пред својата публика го совлада Татран Прешов убедливо со 37:25 со што го одржа максималниот учинок во регионалното натпреварување.

Момир Илиќ со 8 и Ласло Наѓи со 6 голови беа најефикасните ракометари во победничката екипа, за која Ренато Сулиќ придодаде 4 гола.

Ова беше натпревар од 10.коло во кое утре ќе се одиграат уште две средби.

Од 20 часот Борац го пречекува Мешков Брест, а во СЦ „Борис Трајковски„ од 20 часот и 15 минути ќе започне македонското дерби меѓу Металург и Вардар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

Денеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. 

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму.

Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики.

Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може.

Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Евергрин вечер со „ Дац и Александар“

Петтата  вечер од Карошовото културно лето, помина во знакот на музичката изведба на добропознатото  дуо „Дац и Александар“. 

Општина Карпош: Евергрин вечер со „ Дац и Александар“

На платото на „Млечен“, во прекрасен амбиент , голем број на карпошани се забавуваа, како со авторските хитови така и со преработка на познати музички песни , како „Љуби ме“, „Уште те барам“, „Чија си“, „Пушти Коси“, „Како Вардар ќе дотечам“, „Корона Чао“ „ Милена Генерацијо“ и многу, многу други песни. На вваа вечер, присуствуваше и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој истакна дека карпошовото културно лето е одлична можност за другарување и спој на различни генерации карпошани:

Оваа традиционална културно – уметничка манифестација ја искористивме повторно да се сретнеме со соседите и пријателите, да се забавуваме и споделуваме позитивна енергија. Ви посакувам убава пријатна вечер, и ве поканувам да присуствувате , на сите преостанати вечери до крајот на карпошовото културно лето, кои ќе бидат исполнети со музика за сечиј вкус и сите генерации на карпошани, нагласи Лукровски.

Вибрантната атмосфера, добрата енергија и „проверената“ забава, беше надополнета со изненадувањето на вечерта – нашите музички звезди од деведесеттите години, сестрите „Маријана и Росана“.

Ова наше легендарно музичко дуо, кое освен што ги испеа нивните најголеми и најпознати хитови, и ги вратија карпошани во едни убави, не толку далечни времиња, на оваа сцена заедно со „домаќините“ Дац и Александар ја изведоа нивната заедничка песна „Засекогаш млади“.

Во рамки на 47-мото издание по ред, на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал „Фестивал на солидарноста“, во организација на АКУД „Мирче Ацев-Скопје“, почитувачите на фолклорот, на денешниот ден од карпошовото културно лето можеа да уживаат во изведбата на интернационални фолклорни групи и ансамбли. На фестивалот, ќе учествуваат и домашни фолклорни групи, а танцовите формации доаѓаат од Мексико, Унгарија, Романија, Полска и Турција. Оваа година, истиот ќе трае од 23-27ми август , со три целовечерни концерти на отворено во Општина Карпош , како и семинари за фолклор –презентација на народни носии, инструменти и танци , како и практично изучување на традиционални ора и игри. На тој начин, карпошани, ќе може да уживаат и да се насладуваат во богатата и разновидна фолклорна културно-уметничка програма за време на карпошовото културно лето.

Од 20:00 часот, во училишниот двор во ООУ „Петар Поп Арсов“, беше прикажан филмот „Медена земја“, а заклучно со 27-ми овој месец, љубителите на добриот македонски филм, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, на истата локација, од истиот термин ќе може да ги проследат филмовите кои се на репертоарот во рамките на „отвореното кино“.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија бележи силен градежен бум: Нарачките, приходите и вработеноста растат

Германскиот градежен сектор силно порасна во јуни, со зголемување на нарачките, приходите и вработеноста, објави Федералниот завод за статистика.

Германија бележи силен градежен бум: Нарачките, приходите и вработеноста растат

Нарачките во главниот градежен сектор, прилагодени за ценовните и календарските фактори, се зголемија за 11,3 проценти во јуни во споредба со истиот месец минатата година, додека приходите, по прилагодување на цените, се зголемија за 6,6 проценти, делумно благодарение на големите договори.

Посилна активност беше забележана и во градежништвото, кое во голема мера зависи од станбената изградба, како и во нискоградбата, која вклучува изградба на патишта и мостови. Позитивни движења беа видливи и во тримесечниот период од април до јуни, што дава поцелосна слика за состојбата во секторот.

Бројот на вработени се зголемува

Во исто време, бројот на вработени во јуни се зголеми за 1,5 проценти на годишно ниво, на околу 545 илјади. „Јуни беше добар месец за градежната индустрија“, рече Феликс Паклепа, извршен директор на Германското здружение на градежната индустрија (ZDB). Тој го истакна силниот раст во изградбата на патишта и јавни згради, но предупреди дека по нестабилната прва половина од годината е прерано да се зборува за пресврт во градежништвото.

Градежниот сектор има корист од милијардите евра што федералната влада ги инвестира во патишта и железници. Сепак, изградбата на станови останува слаба, делумно поради високите каматни стапки кои останаа на покачено ниво и ја направија изградбата поскапа за граѓаните и инвеститорите.

Станбената изградба покажува први знаци на закрепнување

Сепак, станбената изградба покажува први знаци на закрепнување. Бројот на градежни дозволи во првата половина од годината се зголеми за нешто повеќе од 15 проценти, што е најсилниот раст во првите шест месеци од годината од 2016 година.

Силниот раст на нарачките дава причина за оптимизам, објави Здружението на градежната индустрија „HDB“. Сепак, здружението ја намали својата прогноза за приходите на секторот оваа година од 2,5 проценти на еден процент во реални услови поради зголемувањето на трошоците за изградба. Дали растот во јуни претставува пресвртница или се покажува како само краткотраен пад, останува да се види, рече извршниот директор на „HDB“, Тим-Оливер Милер. Здружението сè уште очекува вработеноста во главниот градежен сектор да се зголеми за еден процент оваа година, или за околу 10.000 луѓе, на 933.000.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер