Зиков во отворено студио на Канал 5: Овој ден беше круна на демократијата во Македонија

Во отвореното студиот на Канал 5 по повод двојните избори во Макеоднија, Љупчо Зиков нагласи дека партиите вечерва би требало да бидат достоинтвени и во победата и во поразот.

Тој очекува поздравување и честитање.

Зиков потенцираше дека овој ден беше круна на демократијата во Македонија.

Џафери: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. 

Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.

„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.

Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат ор Владата.

Мицкоски: Масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства

Најпрвин добар ден на сите, благодарам на интересот.

Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа што само на овој начин можеме да одлучуваме за нашата заедничка иднина. Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина.

Втората моја порака е дека за време на кампањата предупредував на две можни сценарија кои денеска гледаме дека се реалност. Првото сценарио е на онаа група политичари кои што во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе.

И третата моја порака е до вас новинарите, ви благодарам што бевте истрајни и издржливи во оваа 35 дневна исцрпувачка кампања, што објективно известувавте од сето она што се случуваше во овие 35 дена. И ви посакувам успешна новинарска кариера во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер