Петмина загинати во руски напад врз украинскиот „Хари Потер замок“

Бројот на жртви во руското ракетирање на популарно наречениот замок „Хари Потер“ во украинскиот град Одеса се искачи на пет.

Уште 32-ца се ранети во синоќешниот напад врз објектот каде е сместен правниот факултет во јужниот пристанишен град.

Според украинските власти, тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот.. По Киев и Харков, одеса е трет по големина град во Украина и до војната беше еден од клучните градови за економијата на земјата и популарно туристичко одморалиште..

Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата по шест месеци поминати во орбиталната станица

Кинеското вселенско летало Шенжу-17 денеска се врати на Земјата со тројца астронаути кои ја завршија својата шестмесечна мисија на орбиталната вселенска станица, јавија кинеските медиуми.

Тројцата астронаути слетаа на локацијата Донгфенг во северниот дел на кинеската автономна област Внатрешна Монголија во пустината Гоби, нешто пред 18 часот по локално време.

Слетувањето се случи четири дена откако екипажот на вселенската капсула Шенжу-18 се спои со орбиталната станица за да ги замени космонаутите од Шенжу-17. /МИА

СКСЗМ на работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Владеење на правото, борба против сивата економија, борба против корпцијата се трите клучни точки кој Стопанската комора на северозападна Македонија очекува на идната влада да и бидат приоритет.

Претседателот на комората, Менди Ќира денеска оствари нова средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која тема на разговор беа економската програма на партијата содржана во платформата 1198 . Дел од проектите во платформата, како што истакнаа од комората се предлози од бизнис заедницата.

притисни ентер