Шест владици богослужеа за Марковден во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево

Шест владици денеска учествуваа на Светата божествена литургија одржана во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод празникот посветена на апостолот и евангелист Св. Марко. 

Неговото преосвештенство г. Марко, епископ на делчевското каменичката епархија кој го носи името на апостолот, изрази благодарност до владиците кои учествуваа на литургијата и верниците со своето присуство збогативајки го денешниот настан.

- Упатувам благодарност до митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото преосвештенство епископот Дељадровско – илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство епископот Дремвитски г. Давид и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков кои го збогатија денешното чествување на апостол Марко. Со Божја помош свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда, истакна г. Марко.

Епископот на Делчевско-каменичката епархија на верниците им го честиташе Велигден, упатувајќи порака уште многу години да го празнуваат насјветлиот датум во христијанството.

Воедно, изрази благодарност на градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски кој присуствуваше на литургијата, за неговото како што рече епископ г. Марко, залагање за изградба на резиденцијата на свештениците во М. Каменица, чии градежни работи се во тек.

Литургијата заврши со делење нафора на верниците и доделување црковни сувенири во знак на благодарност за присуство на богослужбата.

Драма на аеродром во Турција: Авион „се заринка“ во пистата, летаат искри (ВИДЕО)

Товарен авион Боинг 767 утрово имал инцидент при слетување во Турција, откако му откажала опремата за слетување.

Летот со кој управува американската поштенска служба FedEx, полетал од аеродромот Шарл де Гол во Париз рано утринава и летал за Истанбул кога пилотот сфатил дека опремата за слетување не е во функција.

На шокантното видео се гледа моментот кога авионот се обидел да изврши принудно слетување, но предниот дел удрил во пистата, додека носот на авионот се лизгал на бетонот.

Од трупот на авионот летаа искри додека тој шкрипеше по асфалтот со чад што се извиваше, пишува Дејли Меил.

За среќа, противпожарните и спасувачките екипи веќе чекале на местото на настанот, а турското Министерство за транспорт испрати екипи за итни случаи веднаш штом дознале дека опремата за слетување на пилотот не работи.

За среќа во инцидентот нема повредени. Пистата каде што слетал авионот била затворена додека не се отстрани леталото.

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2472 избирачки места. 

Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 %.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.28 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7%.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 31.18 %

Изборна единица 2 23.91 %

Изборна единица 3 29.18 %

Изборна единица 4 26.40 %

Изборна единица 5 25.04 %

Изборна Единица 6 16.71 %

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

притисни ентер