МЗШВ:Дополнителна интервентна мерка од 4 денари за килограм предадено грозје

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев  имаше работен состанок во  Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот, министерот информираше за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка, Владата ќе одвои доплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од Ковид програмата на Владата.

“Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и подршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме заради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние додатно како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката остануваат на важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината Ковид програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денари, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Бејл и Регуилон стигнаа во Лондон, наскоро ќе играат за Тотенхем

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл пристигна во Лондон каде денес ќе потпише едногодишен договор за заем со Тотенхем.

Би-Би-Си јавува дека 31-годишниот напаѓач слетал на аеродромот Лутон од каде отишол во Енфилд во Северен Лондон каде се наоѓа седиштето на Тотенхем.

Со Бејл во Лондон пристигна и младиот дефанзивец на Реал, Серхио Регуилон, кој треба да потпише петгодишен договор со Тотенхем. Реал треба да собере 35 милиони евра во сопствената каса во име на обештетување.

Регуилон минатата сезона ја помина на позајмица во Севилја, додека Бејл беше играч на Реал во последните седум сезони. Тој беше член на Тотенхем шест сезони пред да се приклучи на шпанскиот шампион, каде пристигна во 2007 година од Саутемптон.

Џенифер Анистон онлајн кон Бред Пит:Толку си секси! (ВИДЕО)

Она што фановите на Бред Пит и Џенифер Анистон го чекаа веќе 15 години конечно се оствари. Поранешниот пар се најде повторно заедно на малите екрани, а многумина тврдат дека меѓу нив имало искри.

Двајцата со уште неколку познати актери вчеравечер го прочитаа Fast Times at Ridgemont High.

Бред го играше Бред Хамилтон, додека Џен ја играше Линда, девојката во која е заљубен. Значи, беше навистина интересно кога ennенифер требаше да рече: "Еј, Бред, знаеш дека секогаш мислев дека си симпатичен. Толку си секси".

За сето тоа придонесе Морган Фримен, кој беше раскажувач, па во моментот кога ликот на Бред отиде во тоалет, тој рече: „Бред се одлепи“.

Иако оригиналната верзија на Fast Times at Ridgemont High има топлес сцена, Џенифер цело време беше облечена.

Претставата собра средства за хуманитарната организација CORE, што им помага на погодените од пандемијата на коронавирус.

Во шоуто играа и Шиа ЛаБеуф, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Џими Кимел, Џон Леџенд, Хенри Голдинг, Дејн Кук и Шон Пен.

притисни ентер