ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата
2ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата
НБАВестбрук оствари нов „трипл-дабл“Играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук ја потврдува одличната форма сезонава откако ноќеска го забележа и 15-от „трипл дабл“.Воедно неговата екипа победи на гостувањето кај Мајами со 106:94. Вестбурк дуелот го заврши со 29 поени, 17 скокови и 11 асистенции. На другите НБА дуели одиграни ноќеска белег оставија Џејмс Харден (Хјустон) реализираше 34 поени против Далас и Гордон Хејворт (Јута) постигна 31 во победата на неговиот тим над ЛА Лејкерс. Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Бостон – Милвоки 113:103, Мајами – Оклахома Сити 94:106, Далас – Хјустон 107:123 и ЛА Лејкерс – Јута 100:102. Пласман Источна конференција: Кливленд 23-7 (победи-порази), Торонто 22-8, Бостон 19-13, Шарлот 17-14, Њујорк 16-14, Атланта 15-16, Чикаго 15-16,... Пласман Западна конференција: Голден Стејт 27-5, Сан Антонио 25-6, Хјустон 24-9, ЛА Клиперс 22-11, Оклахома Сити 20-12, Јута 19-13, Мемфис 20-14, Сакраменто 14-17,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
ЕвропаДемонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана ФедоровНезадоволството во Киев расте по одлуката на Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михаил Федоров. Демонстрантите веќе втор ден по ред бараат тој да биде вратен на функцијата.Илјадници луѓе во петокот вечерта протестираа во Киев против разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михаил Федоров – потег што претседателот Володимир Зеленски го повлече како дел од владината реконструкција, а кој предизвика поделби во земјата. Демонстрантите втор ден по ред се собраа во главниот град на Украина, носејќи знамиња и транспаренти, пренесува „Франс прес“. „Вратете го Федоров!“ – пишуваше на еден транспарент, додека друг повикуваше на „почит и внимание кон луѓето“. Третиот ја оцени одлуката за промена како „само саботажа“. Протестите избија во четвртокот по разрешувањето на Федоров, 35-годишен технолошки експерт кој сакаше да ја преобликува украинската војска во поефикасна борбена сила. Ukrainians gathered in Kyiv and other cities on July 17 for a second straight day to protest President Volodymyr Zelensky’s decision to dismiss Defense Minister Mykhailo Fedorov while retaining Commander-in-Chief Oleksandr Syrskyi. pic.twitter.com/cfKnOBp8I0 — The Kyiv Independent (@KyivIndependent) July 17, 2026 Зеленски минатата недела најави дека планира реконструкција на владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери. Сепак, смената на министерот за одбрана предизвика необични протести во главниот град и во неколку други градови во услови на воена состојба. Во четвртокот, на улиците излегоа главно млади демонстранти. Федоров, млад реформатор и застапник за употреба на висока технологија на бојното поле, ја напушти функцијата помалку од шест месеци откако стана министер за одбрана. Популарен меѓу граѓаните и почитуван од западните сојузници на Украина, Федоров објасни дека дошло до судир меѓу него и главнокомандувачкиот на украинската војска, Александар Сирски, кој се залага за потрадиционален пристап кон воените операции.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од ВладатаЗаради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата, за нивните желби во Изборниот законик.Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение. СДС, Левица и ДУИ тоа го добија за реформскиот Изборен законик, а тоа го одбија без да седнат меѓу себе да се договорат и ни малку да размислат. Се поочигледно е дека тоа го направија за да глумат жртви на изборните циклуси, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат пораз, мислејќи дека виктимизацијата ќе им донесе некој поен или глас повеќе. Вистината и реалноста која излезе на површина и ја разоткри виктимизацијата на опозицијата е дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка политичка партија, им ги прифаќа сите нивни барања само да се олесни начинот и да се прошири гласањето на дијаспората. И ова, до сега невидена понуда и подадена рака од страна на власта, коалициските партнери СДС, Левица и ДУИ ја одбија. Тие, исто така, во новиот ИЗ одбија да бидат вклучени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање за партиите. Кога ќе гледаме што се добија и одбија овие опозициски партии, јасно е дека тоа го направија само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори, на кои им следи историски дебакл. Од друга страна, со блокирањето и недонесување на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, сакаат да го намалат успехот на државата во делот на исполнувањето на реформите. И покрај ваквите блокади и опструкции, Македонија е лидер меѓу земјите од Западен Балкан во однос на спроведувањето на реформите, но неносењето на овој закон е директен показател дека СДС, ДУИ и Левица ќе ја користат секоја можност да опструираат и да го спречат државниот напредок. Ако гледаме од друга страна, токму овој процес покажа кој каде и за што е. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државничка партија е на власт и ја води државата, а СДС, ДУИ и Левица во длабока опозиција без доверба од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е партија со доверба од граѓаните која работи во интерес и за напредок на државата, додека опозициските го гледаат исклучиво интересот партиски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаСДСМ: Нема трета економија во Европа кога 73% од граѓаните имаат платa под просечнатаКаква„трета економија во Европа“ на Мицкоски кога над 73% од граѓаните земаат плата под просечната?Податоците на УЈП ја разобличуваат владината пропаганда. Нема трета економија во Европа. Има 73% од граѓаните со плата под просечната и власт која душмански го ограбува народот. Половина од вработените, односно 50%, заработуваат меѓу 24.000 и 36.000 денари месечно. По две години власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е целосно урнисан. Граѓаните осиромашуваат, платите се меѓу најниските во Европа, а народот живее многу полошо отколку пред две години. Минималната синдикална кошничка веќе изнесува околу 70.000 денари. Тоа значи дека на половина од вработените не им се доволни ниту две плати за да ги покријат основните животни трошоци на едно семејство. Тоа е реалноста зад приказните на Мицкоски за наводни економски успеси: најголемиот дел од работниците едвај врзуваат крај со крај. Животот стана прескап. Платите не го следат растот на цените, храната станува луксуз, а сметките се сè повисоки. Прекинувањето на растот на платите и одбивањето на Владата на Мицкоски да ја зголеми минималната плата на 600 евра директно ги турка работниците и нивните семејства во сиромаштија. Кризата не стивнува. Поскапувањето на горивата е нов тежок удар врз семејните буџети, кој ќе предизвика дополнително зголемување на цените на храната, транспортот и другите основни производи. Додека народот осиромашува, финансиски добро живеат само Мицкоски и ВМРО, кои се богатат на грбот на граѓаните преку криминални тендери. Скопје, 18.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30