ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти
3Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваВеста за апсењето на француските стоматолози стана хит поради полицајката (ВИДЕО)Вниманието на многумина го привлече веста за таткото и синот стоматолози од Франција кои беа осудени на затворски казни поради недолично работење.Сепак, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, причина за тоа повеќе била полицајката која ги привела таткото и синот отколку загриженоста за здравјето. Фотографиите на француската полицајка станаа вирални на социјалните мрежи и станаа вирален хит, а многумина се запрашаа која е атрактивната припадничка на француската полиција. Се чини дека тоа е Надин Џеласа од Ница која моментално работи во полициската станица во Марсеј. Надин е активна на социјалните мрежи, но само нејзиниот TikTok профил е отворен за јавноста. @femmetigresse #foryou ♬ goosebumps - Travis Scott „Приведете ме и мене“, „Ми доаѓа да направам какво било кривично дело“, „Би одел на доживотен затвор за неа“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи во моментов. @femmetigresse #foryou ♬ som original - Nicoly @femmetigresse #police#france#fiere#liberté #égalité #fraternit ♬ Originalton - martenlou И да потсетиме на вистинската вест. Таткото и син стоматолози Жан-Клод Карно (71) и Лајонел Гуеџ (42) од Марсеј, Франција, се осудени на затворски казни поради несовесно работење. Синот добил осум години затвор, а таткото пет, пренесува Le Telegramme. Тие биле прогласени за виновни за осакатување на стотици пациенти во текот на шест години. Судијата изјавил дека дуото вовело систематизирани третмани кои ги уништувале животите на луѓето, оставајќи ги без насмевка и во неподнослива болка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лицеНа 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахтиРазликата е евидентна денес имаме целосна транспарентност и отчетност.За разлика од СДС и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна. СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис. За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДС сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата. СДС се против се што е добро за граѓаните и државата. СДС е против прослава за независност, против напредок и развој. СДС е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во СкопјеВладата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелена транзиција на државата и придонесуваат кон енергетската независност.Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата Теса Енерџи во Скопје. Ова е многу значајно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да бидат во чекор со најголемите светски трендови. Би сакал да му честитам на инвеститорот Ајри Шеј кој навистина направи еден храбар чекор да покаже како може да се инвестира со домашен капитал. Се надевам дека нема да застане тука и дека ќе има и нови инвестиции и дека ќе гледаме и нови постројки, а ние како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен период да ги завршуваме сите административни процедури, како и можност да имаме уште повеќе вакви инвестиции, затоа што зелената транзиција е она што ѝ е потребно на државата. Секако, оваа инвестиција ќе придонесе и да се намали загадувањето во рамки на градот Скопје, што паралелно со останатите проекти коишто ги правиме за градот Скопје — како што е воведувањето на градски воз, како што е набавката на нови електрични автобуси — секако дека многу ќе придонесе во намалувањето на загадувањето” – истакна Николоски. Тој додаде дека оваа е една од многу инвестиции кои се промовирани овие денови и кои придонесуваат за економски развој на државата. “Имаме след од неколку дена на инвестиции коишто се инвестиции на 21-от век — дали се работи за ветерен парк, дали се работи за практично нов аеродром или се работи за оваа когенеративна централа. И додека едни се против дата-центри и да останеме или да се вратиме во 19-тиот век, ние храбро грабиме во 21-от век, и Владата предводена од премиерот Мицкоски има јасна визија каде треба да движи државата, а тоа е во насоката којашто ја гледаме и денес”- додаде заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook